Guess my name

Типотинава што ја гледате на сликава доаѓа од Камерун и живее еден спрат над мене. Женет е со германка за документи, моментално у процедура за развод, насабајлечки чисти подови, а претпладне и попладне студира за медицинска сестра. Сето ова е таксират на многу странски студенти во Германија. Тогаш што е интересното кај типчево? Неговото име!!! Знаете како се вика?


ЏОН КЕНЕДИ!!!

П.С. Носи многу сексиљава бела чорапа со аутфитов, што за жал на сликава не се гледа.

CONVERSATION

5 comments:

Bojan said...

Тозија,

И во некои наши општини има луѓе со многу препознатливи имиња како Касандра, Џани Версаче и Бил Клинтон.. Само незнам дали и они имаат бели чорапи.

Поздрав,
Дуди

Јована Тозија said...

Да бидам појасна

Име: Џон
Презиме: Кенеди

Значи не е Џани Версаче Бајрами или слично... клот!!! Џон Кенеди. Замисли се раѓа бебево и мајката вика ти и онака се презиваш Кенеди, ај да те крстам Џон...

Bojan said...

Немој да ти го вадим последниот ни пописот. Гарантирам има со лопата да ги ринеш - и татко му се вика Рузвелт :D

Bunka said...

прашај го дали ми треба виза за Камерун =))

aleksandar said...

hahaha ... bela corapa na se' ide. Isto kako teget corapa :)

Back
to top