29 May 2012

Немам наслов, ама желба да рапувам голема

Мост, специјално изграден за на него да се стави тркало.

На плоштад не една не две туку три 30 метарски статуи, пошто 3 е во знакот на христијанството. Светото тројство: Александро Мегало, татка му Филип и мајката на нацијата Мајка Тереза.

Екстремни исламисти.

Ограда од милјон евра.

Рок. Барок. Шегобиец.

Цеца искочи од домашен притвор. На трибините на стадион клецав им колена (авторски права @krojanbojan).

Прометеј во гаќи во парк посветен на жената борец и фригидни жени згрозени од неговата бронзена гола машкост.

Продавачи и препродавачи на македонскиот идентитет.

Џенан Лончаревиќ.

Да живее Бранко.

Горчлив вкус во устата. Голташ.

Да живее Бранко.

30 и кусур проценти невработеност.

8 месеци по ред пад на индустриско производство. Колку повеќе споменици тоа подобро – рече анкетираниот и се упати кон социјално.

Поповите бараат плати. Само музичарите што свират по кафани ги разбираат. Знаат они како е со само 500 денари во џеб дома кога ќе се вратиш.

Амди е црнец.

Син му е градоначалник.

Урко магистрираше.

Латас докторираше.

Кај се парите од знамето?

#Протестирам.

Една година потоа. #Протестирам.

Фрчко одамна не истепал жена по улица.

македс. Фотокопир, because Phtoshop is for pussies.

Е сега, да ме биваше, ќе излезеше некое ремек дело како ова.

Ама не ме бива. Наместо да рапувам ќе одам да се возам низ Скопје #NaTochak.

А еден ден во иднината, кога работите ќе бидат понормални, ќе се прашувам како ли сум ја преживеала мојата младост. И нема да ми е јасно. 

09 May 2012

Ограда од милион евра

“Слушам, ебала си се за паре?” – “Еее, 50 денара паре ли су?”

Токму така, не 1.000.000 туку 1.140.000 Евра ќе даде владата на РМ за…. туруруру… ОГРАДА НА МОСТ! Ама да не ситничариме за 140.000 Евра, да заокружиме. Што би рекле Забрањено Пушење једе се кавијар, пије се џин, има се пара има се счим… Све гузоњини синови. Трошат ко да нема утре. Рецесија здраво, невработеност здраво, ребаланс на буџет ма здраааааааааво!!!

Креативниот Васиљ, кога го прочита ова даде многу паметна идеа, сабајлево. Прво твитна, а после и поопширно образложи на ФБ

image

Како што ги дал Господ креативни нашиве веб портали, Кирилица после пола саат излегоа со нивна оригинална вест во рубриката сатирични вести – ограда од живи луѓе.

И знаете што, ова нема да е сатирична вест. Не ви е доста од апатија? Не ви е доста од турски серии, бинго, лото, црни и бели бумбари, сулејмани и силикони, утрински емисии во кои луѓе се јавуваат да кажат дека народот за леб нема а нашминкатана водителка насмеано клима со главата? Нели ви е доста бре да живеете во Монти Пајтон реалност? Нели? Тркало на мост, врби во вардар, милион и кусур за мост…. Не ли ви е ненормално што ноншалантно ги примате овие информации. Срања во Руанда кога се случуваат повеќе се потресувате. Милион евра за мост, па ни во Катар не даваат толку пари за мост. Ко да сме арапски емират се однесуваме!

  • Со милион евра може да се опраат сите вециња во основните, средни и високи образовни институции.
  • Со милион евра може да се обезбеди нафта за сите основни, средни и високи образовни институции, за да не учат децата на –15 без греење.
  • Со милион евра може да се купат господ знае колку точаци за да се користат на постоечките 4 и да се отворат уште четири пати по толку нови пунктови низ Скопје; бензинот е изгор а воздухот во Скопје загаден до немајкаде
  • Со милион евра се гради фекална канализација, која што (да, да) се уште ја нема насекаде низ Скопјево, уште постојат септички јами (во Аеродром веќе не)
  • Со милион евра …

Абе многу работи може да се направат со милион евра. Може 200 невработени, облечени комплетно фолклорно да изиграваат ограда на мост. За некој денар плус ќе дозволат дури и кучиња да ги мочаат. А за вкупен хонорар од милион евра има по 8 саати на ден и да ви пеат чист македонски фолклор. Има Јовано Јованке, крај Вардарот седиш да се слуша од Галичник до Река…

Народе, недела од 12.00 е времето. Кој нема работа, нека дојде. Јас имам работа, нема да конкурирам да бидам дел од живата ограда, ама ќе дојдам да го поддржам настанов.

Бујрумте и вие.

18 April 2012

Las Palmas de Gran Canaria (part 1)

Канарски острови се едни островчиња близу Мароко. А и припаѓаат на Шпанија. Империјализам, колонијализам, капитализам или ако милувате било кој друг вид на -изам… не е логично, ама тоа е. Дозволете во овој пост да ви го раскажам моето патешествие натаму.

Додека бев на студии во Германија, на гости ми беше дојдена една другарка од Шпанија. Каталонија поточно, да бидам политички коректна. И меѓу другото ме извести дека во Фебруари со нејзините другарки (кои што јас ги познавав) ќе одат на гости кај една друга нивна другарка (која што исто така ја познавав) и ме праша да не случајно сакам да одам со нив. Не требаше да ми каже два пати. Отворив www.ryanair.com (све им се позлатило) и дур кажеш Гармишпартенкирхен си купив повратна карта за 49 Еур. Падна договорот, се наоѓаме на аеродром, тие летаа од Барселона (преку Мадрид) до Лас Палмас де Гран Канарија, а јас од Франкфурт Хан директен лет.

Франкфурт Хан е еден аеродром што опслужува чисто Ryanair летови (и по некој залутан Wizzair лет) и се наоѓа на 100 км од Франкфурт. На кој основ го крстиле Франкфурт Хан не ми е јасно, ама ај. Летот мој во 6.30 сабајле. Пат со автобус од Франкфурт до Франкфурт Хан саат и четириесетипет минути. Тоа значеше дека треба да фатам воз од Фулда во 1 саат по полноќ. А таков немаше. И си направи Јована план во главата, среда одам на работа во Франкфурт, седам на работа до 9 вечер, го фаќам последниот шатл бус за Франкфурт Хан, пијам кафе на аеродром, ги фаќам најудобните железни фотељи и во 6.30 сабајлето ко кукурек пичам накај канарски. Арно ама…

… та не сум била саде јас што сум размислувала така. А стварно мислев дека идејата ми е генијална и уникатна. Последен лет во 23.30, аеродромов крца луѓе ко у фонд за здравство! Ај што немаше слободна фотеља, туку сите факмански ќошиња беа зафатени. Требаше да се распостелам на средина на аеродром. Ааааа, си викам тај филм нечеш гледати. Видов едни фини шпанци, и ги замолив дали може да да ми отстапат дел од нивното легло. Се удруживме, шо да ти кажам. Па јас ко ќе одев до ВЦ, тие ми го чуваа ранецот, и обратно… абе шо да ви расправам.

Да спиеш на мермерен под во сред Фебруари и притоа константно да те шиба промаја во кичма ти е како кога ќе ти влезе снег во кондури при скијање. Прави што сакаш, покривај се колку сакаш, пиј чаеви колку сакаш – ЏАБЕ Е! Башка сврти се на една страна, колкот те боде, сврти се на друга страна, пак колкот те боде… Излегов надвор да испушам една цигара и да пребројам уште колку минути имам до полетувањето. Еден дечко со иста агенда како и ја, само што тој леташе за Рим, се најде до мене и ми ја запали цигарата. Почнавме муабет. Си викам па боље ова отколку да се кичмам на тоа мермерот, ќе спијам во авион. Тој па, еден зборлест, јас фекалии да јадам во споредба со него. А замисли Германец. Помина така уште саат и пол, а кога испивме кафето, и ја викнавме сметката, келнерот не праша дали ќе платиме заедно или одвоено (стандардна процедура во Германија). Јас откако му дадов академски 3 секунди фора да ме почасти одговорив со одвоено (частење од страна на Германец ти е посебна философија што и ден денес не ми е баш најјасна како функционира), а дечкото на тоа ми одговори: Аха, значи ти си од оние жени што не дозволуваат да ги частат, и си даде точно 3.70 Еур за неговото капучино. А не ни даде приговор на моето одвоено! Си викам: Бачко, да сакаше да ме почастиш кафе, ќе го платеше и немаше многу многу да философираш. It’s as simple as that.

Поџавкавме уште малку и дојде време да полетуваме. Фајнали. На мене и моите подочњаци ни претстојуваа 4 саати лет во кој што на секои 20 минути преку разгласот се промовираа те Ryanair грепки, те безникотински цигари кои што е дозволено да се пушат onboard (!?), те понуди од менито од типот магдонос за меѓу заби за само 7.99… Значи спиење амин. Слетавме во Лас Палмас, моите подочњаци веќе беа пурпурни, но тоа не ми беше важно. I was in fucking Canarias!!! И тоа со зимски капут, баретка, шал, џемпер, кошула и боди. Само ѕиври не носев. А надвор едни 27 степени целзиусови, едно сонце, едно плаво небо, една милина… Саатот 10 и кусур а Лаура и компанија требаше да слетаат 12.30. Арно ама…

… баш тој ден некоја си бура, задоцнувања на територија на цела Шпанија од типот неколку часовна. А и другарката што требаше да не пречека на аеродром заглавила на работа, не може да дојде одма на аеродром. Мене книгата веќе прочитана, МП3 плеерот веќе без батерии. И ко нарачан едно чиче без горна и долна вилица ми прави poke со лева рака на десно колено и почнува да ми зборува на шпански. Моите познавања од шпански се скромни. Знам да се разберам за дирекции, да купам леб и млеко, да прашам донде еста ла библиотека, со раце и нозе оствараувам неколку минутни разговори, но дека со чичко без заби ќе имам двочасовен муабет во кој што ќе разберам СЕ - е тоа немаше ни во најлудите сништа да претпоставам. И така чичето без заби ми раскажа дека ја чекал ќерка си која ја немал видено со години. Имено некогаш живеел среќен живот со жена му и трите деца, жена му била многу богата, парите и биле од наследство. Тој тие пари почнал да ги троши на кокаин, жена му го оставила, ги зела децата со себе, тој последните 3 години ги поминал во лекување, сега работел на некое си градилиште (за воља на вистината имаше црно под ноктите) и ја чекал ќерка му која ја немал видено со години. И слика ми покажа. И не знам зошто, ама чичево не ме пушташе да му киднам. Ја во ВЦ, тој по мене. Јас на цигара, тој по мене. И тоа онака јас намерно се задржувам во ВЦ 10 минути, излегувам надвор а тој окезен ме чека пред ВЦ-то и ми вика: Да не имаш проблеми со стомакот? А кога слета авионот на ќерка му, отиде да ја чека и веќе не ми се појави пред очи. А јас останав со збунет лик као камионџија во спејс шатл да се прашувам: Did this just really happen, or did they slip something in my coffee?

Таман си реков, ок доста ми е од зборлести луѓе, дај да дремнам малку, ми прави некој poke на десно рамо и ми вика: Хавана, ти си? Естела пред мене, во апостолка со бронзен тен ко Бијонсе. Викам да да, Јована, таа сум. Се изгушкавме, се избацувавме и сосе двајцата батки со кои што беше дојдена правац на шанк. Ни два ни три, нарачува едниот од батките тура рум. Си викам почна. Тоа е тоа. Почна. Саат и пол и неколку тури рум подоцна стигна и Лаура и компанија.

Беа тоа незаборавни 4 дена на 30 степени во сред Фебруари. Ако не ме мрзи, наредниот пост ќе му го посветам на тие 4 дена. До тогаш ве оставам со прекрасното канарско зајдисонце.

SL273071

11 April 2012

7 недели потоа

Не сум била во Вевчани за да споредувам, велат карневалот во Вевчани бил многу покрвав, меѓутоа сум била на струмичкиот карневал неколку пати можев да констатирам дека годинава имаше најмалку немаскирани особи по глава на жител во главната карневалска ноќ. Нас вечерта конкретно Ејми Вајнхаус не дружеше, само кокаин немавме, оскудација... знаете како. 

На покана на Sunwireless бевме со Дарјан на струмичкиот карневал. Поминаа од тогаш нецели 7 недели, Дарјан прописно ги испости, а јас се уште се смеам за кадата

Пред 7 недели не ни знаев кои се Sunwireless. Дечките освен што полека но сигурно работат на случај покривање на цело Скопје со wireless мрежа, што е стварно суперкул, поприлично користат нови медиуми и социјални мрежи за промоција. И не само тоа. Пред некој ден имаа герила маркетинг кампања. Не сум чула до сега една компанија кај нас вакви алтернативни начини на себепромоција да презема. А да не правам муабет за тоа дека пред некој ден објавија оглас за практикант, кој што за да се прочита цел, требаше да се плати со твит. Ова последново наиде малку и на негативни критики кај твитерџиите, ама човечки е да се греши. 

Се надевам дека ќе приберат некое паметно, способно и амбициозно дете во канцеларија летоска (деца, пријавувајте се не му ја мислете) и дека што поскоро ќе обезбедат стабилен и брз безжичен интернет во цело Скопје. 
  

19 March 2012

МАРШ У...


Имаше викендов во Скопје марш за мир. Маршираше младо, старо, машко и женско, од секаква можна националност. Звучи сосема логично. Само ретардиран не би изразил поддршка на јавен собир во име на мирот. Или фашиста. И јас сум за мир. Кој нормален не е? 

Меѓутоа никако не ми е јасна причината поради која што се организираше маршот. Дали е воопшто загрозен мирот во Македонија? Или пак на Македонија и се заканува војна? Да не е агресија од страна во прашање? Да не некој сака да не пороби, освои, окупира? Дали можеби некој сака да не присоедини?

НЕ!!! Одлучно и категорично тврдам – НЕ!!! На Македонија и се случија пилиштари кои што со џапарлакот за на голем одмор наместо да си купат хамбургер, тие си купиле безбол палки. Па од село се симнале во град и решиле да тепаат што им дојде при рака. Тинејџер е опасна работа. И таа лоша комбинацијата на немање кој да му каже дека тоа што го прави не чини и имање во близина некој да го буцка и да му кажува дека тепањето невини луѓе по улица е она што треба да го направи за некоја си поголема кауза резултираше со она што се случуваше во Скопје. Неколку дена по ред невини луѓе беа претепувани на улица, сред бел ден, во автобуси...

Се организираше маршот. Се испотепа цела естрада, се што е важно и неважно, докажано и недокажано, се што пее во живо а богами и на плејбек да застане пред камера и да каже како тие се за соживот, мир и толеранција. Бесплатен маркетинг болане, зошто да не! Научиле текст на памет, се нашминкале, опнале цвикерите во вистински урбан скопски стил и сите со по збор два за мирот. Истите тие беа јавно повикани да дадат поддршка за протестите против полициската бруталност. Не не ни удостоија со одговор. Да беа искрени дека не сакаат или не можат, сосема ќе ги разберев. Кој работи полу на црно, кој има ќерка за вработување, кој е во партија па не смее да зуцне. Во ред е. Барем искрено да одговореа. Многу е лесно да се нашминкаш и пред камера да кажеш дека поддржуваш мир. Кој здраворазумен граѓанин сака да живее во војна? Оди и застани во први редови на протести да и кажеш на власта дека треба да си ја среди полицијата да те видам. Дволични конформисти ниедни! Цуцајте вие и понатаму нескафиња со шлаг во сабота претпладне, азното само ќе си дојде. 

Се истопорија и едно стадо политичари на маршот. Меѓу кои и претседателот на државата. Врховниот командант на војската на Република Македонија. Ејјјјј врховниот командант на армијата маршира за мир!!! Ова му доаѓа нешто како бивш министер за внатрешни кој што тепа жени по паркинзи и протестира против полициска бруталност. Млади луѓе прогресивци што маршираа разбирам. На некои си виши сили (читај политичари) сакаа да им покажат дека преку глава им е од нереди во државава. Ама претседателот!? Кому ли тој декларативно сакаше да покаже дека и тој се залага за мир?

Претседателе, вам не ви е работата да ни покажувате дека го поддржувате мирот. ВАМ ВИЕ РАБОТА ДА ГО ОБЕЗБЕДИТЕ МИРОТ!!! Заедно со тие таму во владата, во собранието и сите комисии кои што можевте да ги смислите за да си изнајдете работа и лапате дневници. На вас ви е РАБОТА да го обезбедите мирот!!! Не туку ми марширајте низ Скопје ко да сте Џон Ленон. Гив пис а ченс може по дома да си ја свирите, во друштво. На работа има да го работите тоа за што ве плаќаме ние граѓаните. Исто ко што ние рмбаме од 8 до 5 секој ден! И ако некој решил да тепа и крши се што ќе му дојде при рака, има да направите се што е во ваша моќ за да го спречите и да му го обезбедите мирното секојдневие на секој поединечен жител на оваа држава. Ги имате инструментите, власта и моќта се во ваши раце. И ако тоа вклучува полицаец на секое факинг ќоше, тогаш нека има полицаец на секое факинг ќоше. 3 дена пилиштари тепаа луѓе по улица. Кога треба, дур каже Алачки мх, мхзнат тоа Алфите, Нинџа Желките, Лавовите, Тигрите и останатите припадници на животинското царство да се распределат на местото на злосторот. Не е дека не знаете како! Знаеме дека знаете и умеете.
Извинете, ама хулигани со безбол палки не проблем на меѓуетнички соживот. Совршено не ме интересира која националност се хулиганите. Совршено не ме ни интересира од која политичка партија се. Совршено не ме ни интересира дали некој им наложил да ги прават нередите или не. Полнолетен граѓанин во оваа држава самиот е одговорен за своите дела и постапки. А нарушување јавен ред и мир и тепање луѓе по улица се дела кои што се казниви по закон.

Не, ова не е проблем на немање толеранција. Немање толеранција е да му се качам јас на комшијава при следното реновирање и да му ја треснам хилтата од глава. Не, сите ние сме толерантни. И сите ние сакаме мир, да живееме на раат, и да не се занимаваме со малограѓанштина. Да одиме барем еднаш годишно на одмор, да не се потиме секој први кога ќе дојде ратата за кредит, да не му ја мислиме во која партија е подобро да се зачлениме во моментот само зошто синот не може да најде работа, да одиме на концерти, да патуваме што е можно почесто, да се запознаваме со различното и при тоа да не го отфрламе како погрешно само поради тоа што е различно...

Луѓе на месечината слетаа уште пред 50 години, атоми расцепија, Ајнштајн го побија, ние уште се расправаме со меѓуетнички срања. Преку глава веќе. Стварно. Меѓуетнички тензии и во Руанда не се више во мода (цитат: Пеце Суперхикс). Прекинете вештачки да ги предизвикувате. Нема да ви успее!!!

04 March 2012

Шутрак


Велат не требало да се занимаваш со луѓе, требало да се занимаваш со идеи. Но такви сме ние шутраците. Подобро не знаеме. Нема кој да не научи. Нажалост.


Сакам во овој блог пост да ви раскажам како се одвиваше една моја дискусија т.е. еден мој обид за дискусија со еден фактор во државава. Тој фактор е универзитетски професор, на чело и пишува хелсинсшки комитет за човекови права, екстремен левичар, поборник за демократија во државава и правото на сопствено мислење. Г-ѓа Мирјана Најчевска. (ви го пренесувам само делот од моите и нејзините коментари, бидејќи имаше и такви кои што масовно ја тролаа, и иако беа многу смешни за дискусијава се ирелевантни).





После овие мои два коментари и неколку тролања следеше одговорот на Најчевска


Јас повторно молам за совет:

Најчевска повторно за тоа колку сме шутраци

Јас по трет пат молам за совет:

... и се приклучувам во меѓувреме на обсервацијата на интересни синдроми


Цела вечер одговор нема. Утредента мудро констатирам дека госпоѓата професорка не знае да ми даде одговор на прашањето:

Директно прозвана, професорката одговара на коментарот мој дур да кажеш Гармишпартенкирхен

Крајот на овој разговор кој што го краси делото. Шлаг со цреша на крајот.

Госпоѓо професорке, алал нека ви се ароганцијата, препотентноста и елитизмот со кои што си го нагрдувате звањето професор. Вашата доблесна професија, пренесување на сопствената мудрост на другите, се срами од вас. Сигурна сум дека и таму во хелсиншките структури ги учите луѓето што се човекови права, дека основното човеково право во имање на сопствен став и негово слободно изразување и како да не се толерираат оние чиишто ставови (според некои веројатно вам дефинирани принципи) се глупави.

Го објавувам ова, не зошто имам нешто лично против вас. Туку дека крајно време е професорските структури да се симнат на земја меѓу обичните смртници. Вие сте тука за да не научите, да ни го пренесете вашето знаење, за да не опаметите. Доволно ми е што 20 години уназад секогаш кога ќе излезам од државава трпам омаловажувачки коментари и се трудам да се претставам и себеси и мојата земја во најдобро можно светло. Да, колку и да не сакаме да признаеме сите по малку го носиме тој комплекс на ниска вредност во нас кога ќе преминеме граница. Доволно ми е што на сите морам да им објаснувам зошто во центарот на главниот град имаме лунапарк. Доволно ми е што шефот на работа (Енглез) ме прашува што мислам за Скопје 2014, а мене преку глава од античко-словенски дебати. Доволно ми е што на сите можни странци, кои што ми попуваат дали требало или не (за да бидеме политички коректни) да го имаме Аце на сред плоштад, онака ко курназ Атанас им кажувам дека тоа ама ич не е нивна работа.  Доволно ми е. Доста не омаловажуваат од надвор. Кажете ми како да не бидеме шутраци или with all due respect STFU.

Мене искрено ми е преку глава од интлектуалци кои што ме нарекуваат глупава без да ми понудат решение како да се опаметам. Со вакви методи на блокирање се служеше на времето Јанко, кога водеше фудбалски натпревари на Канал 103. И кога ќе му се јавеше некој да му каже дека е премногу вулгарен за да биде водител на радио, го исклучуваше од етер без пардон. Ама на Јанко му е простено. Со истите вакви методи се служи и Зоран Божиновски. И тој не трпи мислење различно од неговото. И него му се простени ваквите потези. Вам не ви се.

Нема да должам многу, и ова внимание што ви го посветив е премногу. Се надевам дека текстов ќе го прочитаат што повеќе ваши студенти и дека ќе сфатат каков интелектуалец сте. Се надевам дека ќе кренат рака на вашите предавања и дека ќе ве замолат да ги аргументирате вашите ставови. Не само да ве замолат, туку и да настојуваат да ги аргументирате. И да не се задоволуваат со пренасочување кон вашите публикации колумни и останати четива. Што ќе направите тогаш? Ќе ги избркате од предавања по принцип на нулта толеранција за глупост? 

P.S. Шлаг на тортата. Овации ве молам.

09 February 2012

За агрегаторцките работи


Јас завршив Електро факултет. Учевме меѓу другото математика. Многу математика. Секој пат кога ќе требаше да се докаже некоја теорема, доказот на таа теорема почнуваше со „Нека претпоставиме дека...“ Овој блог пост ќе го започнам токму така.

Нека претпоставиме дека сте сопственик на дуќан. Дуќанот ви се наоѓа во некој си огромен трговски центар, и во него има се и сешто. Тој трговски е прилично многу посетуван. Арно ама за да најдат нешто посетителите, мора да шетаат низ него, да одат од дуќан во дуќан, па ако нешто им се бендиса да се вратат во првиот дуќан, па да споредат, цело време наваму натаму.

Тој трговски е прилично посетуван, ама хаотичен. Луѓето не го наоѓаат секогаш она што ви треба и пазарат во веќе проверените дуќани. Вашиот дуќан се наоѓа некаде на првиот најпрометен спрат, ама во некое од споредните ходничиња. Некои дуќани што имаат поатрактивна роба од вашата имаат ачик места, и кај нив има многу повеќе купувачи. Вие сте вака така задоволен. Бизнисот врти. Редовните купувачи стално купуваат од кај вас, а тук там ќе се најде и некој залутан, па некогаш ќе влезе само во дуќанот, некогаш и ќе купи нешто, некогаш ќе влезе и после тоа ќе си рече дека никогаш веќе нема да го направи тоа.... и така.

И еден ден, земал еден човек, бидејќи немал попаметна работа, а го бивало, застанал на задниот влез од трговскиот и го направил следново. Направил попис на сите дуќани во трговскиот. Ја поделил нивната роба по категории. И секој ден тој список го ажурирал. На секој што ќе влезе преку задниот влез од трговскиот му кажувал: Денес најмногу се пазарат, на пример, помаранџи, тазе се стигнати. Најубави се во дуќанот на први, во дуќанот горе на втори во споредниот влез и во пиљарата на крајот од ходникот. Покрај тоа им ги набројувал и сите други дуќани каде што има портокали. Истото го правел и за сета останата роба што се продавала. За возврат секој пат кога некој муштерија ќе купел нешто, робата му била пакувана во ќеса на која што стоело името на сортирачот, а не во брендирана ќеса на дуќанот.

На луѓето многу им се бендисувал тој човек. Не бидејќи бил кој знае колку убав, туку бидејќи им го олеснувал животот. Доаѓаат во трговскиот набрзина гледаат што се се продава денес, бираат во кои дуќани ќе отидат, ќе испазарат набрзинка, и си бркаат работа после тоа. Ич не им било гајле во каква ќеса им се пакува робата.

По некое време човекот станал толку популарен, што многу голем дел од купувачите почнале да влегуваат преку задниот дел на трговскиот. Човекот користејќи ја неговата популарност, логично сакал да се офајди од тоа што го прави иначе за џабе, и си рекол, јас доле кај што стојам и им кажувам на луѓето што се има да се пазари, ќе поставам реклами. И така човекот поставил реклами, и почнал од тоа да прави пари. Бизнисот му одел супер, се повеќе и повеќе луѓе влегуваале преку задниот влез на  трговскиот, и се повеќе и повеќе луѓе излегувале од трговскиот со ќеса на која што стоело неговото име, а не името на дуќанот од кај што испазариле.

По некое време дел од сопствениците на дуќани во трговскиот се полакомиле. Си рекле види мајката, да не бевме ние тој немаше ни да постои, а сега прави повеќе пари од нас. Сакаме дел од колачот. И се собрале еден ден тие двајца без тројца и му рекле: Слушај. Ти нас ни правиш бесплатен маркетинг и допринесуваш за поголем број купувачи во нашите дуќани. Благодарение на тебе многу луѓе што никогаш не би влегле во нашите дуќани, од време на време влегуваат, а понекогаш и купуваат по нешто. И сето тоа го правиш за без пари. Е од сега па натаму или ќе ни плаќаш дебела сума месечен износ за да продолжиш да го правиш тоа, или не смееш веќе да ги упатуваш луѓето во нашите дуќани. 


Дали вам оваа „Нека претпоставиме дека“ приказна ви се чини логична? Мене не.

09 December 2011

Турско кафе



Турско кафе ти е батка институција. Една од оние институции што треба да бидат обележје на државава (иако се вика турско). Let’s face it – 99% од нас по дома пиеме турско (We are the 99%). А кога седнуваме на кафе во град пиеме – ладно матено нес со шлаг, топло нематено нес, фрапучино со кршен лед (!?), долго еспресо во голема шоља, ладно макијато без лед, капучино со шлаг и цимет…




Замисли ти доаѓаат странци на гости. Ги шеташ ти низ град, низ чаршија, кале, им ги покажуваш сите 187 споменици на плоштад и се решаваш да ги однесеш на кафе на скопската Шанзелизе ака. Ленинова. Да видат шмизли, снобови да видат, да видат тие дали и тамо, голи газиња се шетаат рамо до рамо. Седнувате вие во некој од тие кафичите, таму кај што ќе најдете празно место се разбира, и ти нарачуваш три турски, две благи за нив и едно горко за тебе. Келнерот наместо да те погледне попреку со поглед кој што ти кажува „Леле, кој ќе пали пак плинско“, ти се насмевнува, и те прашува дали е тоа се. А тебе ти текнува дека седиш со странци кои не поштуваат вода од чешма, па нарачуваш и две негазирани флаширани води, и обична чешмовача за тебе.


Стига келнерот после 5 минути, со три мали послужавничиња, а во секое од нив: мало ѓезве, шоља за кафе со средна големина, парче крушевски локум во тацната од шољата и мала чаша со вода. Тие нарачаните води си следат екстра. Ова малава чаша со вода иде во пакет со кафето. И ги сервира така послужавничињата и си оди, а странецот останува збунет бидејќи не знае што е направата пред него. И ти му викаш, ко на ретардиран – полека и гласно, нагласувајќи ја секоја буква од зборот Ѓ Е З В Е. Ѓезве, нот гезве. Ѓезве! И правиш раз два три во насока обратна од стрелките на часовникот и му го тураш кавето во шољата додека тие го испитуваат локумот и те прашуваат: Ова желе е? Им објаснуваш ти дека е тоа задолжителен додадок на турско кафе, го тураш и твоето горко турско во шоља и правиш шмрррррррррррррк…. аааааааааааааааааххххх. Турско не е турско ако не се слушне шмрк при првата голтка.


После доволен број на изнагледани голи газиња по скопската Шанзелизе, вие станувате да си одите, а странецот на тебе ти вика: Сакам дома да им однесам турско кафе, да пробаат. И ти очекувајќи го ова, бидејќи не е ни прв ни последен викаш како не, како не и го носиш правац супермаркет и купувате 10х100гр. паковања турско кафе. А откако мудро ќе заклучи типот дека не бива да го готви турското во тенџере, го носиш ти на една од оние тезгине на плоштад, и купувате ѓезве на кое што пишува: Greetings from Macedonia.


Па мме!!! Кога читаме водичи за патување во други земји, ако ни препорачуваат во Ирска обавезно да пробаме Irish coffee или во Австрија Виенско кафе (и ден денес не ми е јасно што е специјалното во тоа кафе) зошто да не може странците да читаат во истите тие водичи препорака обавезно да седнат во едно од скопските кафулиња и да го нарачаат традиционалното турско кафе. Зошто не ги негуваме традициите кои што и онака секој ги практикува по дома и ги квалификуваме како старомодни, наместо да работиме на тоа како од нив да направиме бренд и да ги монетизираме како што го прави тоа секоја нормална држава? А не, во државава може турско да се нарача само во кафани, и тоа ги варат сите горки, кај ги варат сите горки, ги превриваат па од кајмак ни к не се гледа, па ми носат шеќерче и пластично лажиче од страна. Ма ајде... 


06 December 2011

Новогодишна елка од пластични шишиња


Се ближи Нова Година. Се ближи првиот снег. Скопје е позагадено од кога и да е, а бездомниците не знаат дали ќе го преживеат утрешниот ден. Време е да преземеме нешто во свои раце за чистотата на нашиот град и да покажеме хуманост, не дарувајќи пари туку ослободувајќи се од непотребните работи што ни се мотаат низ дома. 


Читајќи го овој напис, Тамара Атанасоска дојде до идеа да го направиме истото и во Скопје. Новогодишна елка направена од пластични шишиња. Каква феноменална идеа за подигање на еколошката и рециклирачка свест на нашите сограѓани. Пластичните шишиња се една од работите кои што се рециклираат, и во Скопје постојат посебни контејнери во кои што се фрлаат тие шишиња, меѓутоа поголем дел од времето тие зјаат празни. А обичните контејнери се нон стоп полни и со пластични шишиња и со картонски кутии. Тие сепак биваат рециклирани, бидејќи многу Роми без работа го селектираат тој отпад, го собираат и го продаваат на фабриките за рециклирање. И со тоа тие навистина прават општествено добро, работејќи за мрзеливиот македонец на кој што му е тешко да ги фрли пластичните шишиња во посебен контејнер, меѓутоа хаосот кој што го оставаат позади себе, неретко во форма на превртен контејнер, мора да запре. Мора да се научиме дека за нечистиот воздух во Скопје сме одговорни и ние, кои што до работа и назад се возиме сами во кола, наместо да се договараме со колегите/комшиите да делиме такси/трошоци за бензин. Не е одговорен само градоначалникот, кој што искасапи над 50 години стари дрва.


Сакајќи да ја подигнеме рециклирачката и еколошката свест кај нашите сограѓани и да направиме нешто добро за општеството, се решивме да пробаме и ние да организираме вакво нешто. Не сум баш сигурна дали ќе ни треба дозвола од Општина/Град Скопје за употреба на јавна површина, меѓутоа и да ни треба, верувам дека добрите господа би ни излегле во пресрет за една ваква акција. Доколку знаете нешто поконкретно во врска со вадење дозвола (и дали воопшто е потребна) за ваков настан, пишете коментар. Датумот и времето не се одредени меѓутоа, ова би се одвивало на максимум 3 дена пред Нова Година. Но ова не може да се реализира доколку не учествуваме сите заедно. Додека да ги обзнаниме деталите за време и место, вашата задача ќе биде:

  • Да ги селектирате искористените зелените пластични шишиња дома и да ги чувате во следниве 3 недели. Колку повеќе шишиња, толку поголема елка. Доколку ова успее, можеби градот наредната година ќе се одлучи на ист ваков еколошко рециклирачки чекор. Граѓаните ќе се учат да рециклираат и селектираат отпад, ќе може да бидат вработени луѓе без работа кои што би работеле на конструирање на елката, а Скопје ќе биде најзелен и најкул град во регионов. Наместо со светилки, градот ќе може да се украси со стари ЦД-а, кои што исто така би се собирале од граѓаните. Тие подеднакво добро светкаат и на дневна светлина, а блескањето што се добива од одбивање на светлината од ноќното осветлување е можеби би била и поефектна од традиционалното новогодишно украсување на градот. Идеи има милјон, меѓутоа прво мора да покажеме дека вакво нешто функционира. На крајот тие шишиња ќе бидат фрлени во контејнерите за стари пластични шишиња, со што ете ние симболично ќе го прикажеме нашиот мал придонес кон позелено Скопје.
  • Да селектирате распар чорапи – Сигурна сум дека секој од вас има барем 5 комада распар чорапи низ дома кои што со години ви се мотаат низ фиоките, и дека немате срце да ги фрлите надевајќи се дека поубавата половина магично ќе се појави. Епа еве, конечно може да се отарасите од нив, и тоа да не ги фрлите во ѓубре туку да ги поклоните на бездомници. Донесете ги сите распар чорапи што ги имате дома, ние ќе ги спариме по боја и големина и ќе им ги поклониме на бездомниците.
  • Да селектирате распар ракавици – Исто така секој од вас има барем една распар ракавица во шкафот, што му седи така со години. Донесете ја, ќе ја спариме со друга ракавица од истата боја, а ако не најдеме иста боја, ќе ја спариме со ракавица од различна боја и ќе им ги поклониме на бездомницитe
  • Да селектирате стар хардвер што навистина веќе не ви е потребен дома и само ви фаќа прашина – Секој од вас има стар компјутер, стар монитор, стар рутер низ дома кој што не му треба. Клубот КИКА прави накит од стар хардвер, па вашиот придонес за развој на овој upycling активизам би бил бесценет.

Во меѓувреме, додека не обзнаниме кога точно и каде ќе се случува овој “хепенинг” најавете го вашето присуство на следниов линк и почнете да ги правите горенаведените 4 точки. Доколку имате идеа која што би се вклопила во еколошко-рециклирачкиот и еколошко upcycling концептот (навистина не знам збор за upcycling на македонски, ако знае некој нека ме просветли), слободно давајте идеи!


Go green! Recycling is cool. Upcycling is even cooler! За тебе, за мене, за сите нас, за хуманоста, за Скопје!

04 December 2011

Бурек


Си се враќам ја така вчера од Таксират пешки преку оној мостот што прави “блага кривина” заради куќата покрај која се прави благата кривина од Саем накај Аеродром, и си викаме со другарка ми дај по едно бурече во 5 сабајле да мавнеме, да ја испоштуваме до коски старата скопска традиција на јадење бурек после град. Влегуваме во Шехерезада, онаа кај Нова Железничка, ја викам четврт со сирење и јогурт, другарка ми четврт пица бурек и јогурт а продавачката на нас: Вкупно 165 денари. Пица бурек и јогурт 90 денари!!! Четврт со сирење и јогурт 75 денари!!! Сакав шеќер и вода да и кажам на продавачката да ми даде, за да се спастрам од шлогот што го добив, ама откако ми текна дека и за тоа може еден тинејџерски џепарац да ми наплати, се предомислив.




Скопје радост ти ќе бидеш. Чим стигнаа бурекџилници да се курназат со цени, ќе дојде денот кај и да е кога ќе почнат дечковци да канат девојки на состанок на по еден четврт со јогурт. Сериозно. Онака, ти доаѓа те зема од дома, те прашува дали си гладна, и кога ќе му дадеш потврден одговор ти вика: I know just the place! И пичи накај Шехерезада, ти отвара врата на влегување, а внатре елита скопска собрана, политичари, уметници, глумци… се стои по страните се чека ред, а он ко прав скопски мангуп и иде на тетката што го сече бурекот, бидејќи му е комшика од маало, и и вика: Тетка Светле, ај жити се среди една маса, со девојче сум, молим те. Средува тетка Светле набрзина маса една, и додека останатите обични смртници се бунат што ко права скопска шмизла фаќаш маса во бурекџилница преку ред, он фраерски и вика на тетка Светле: Донеси два четврта пица бурек и литро од тој јогуртот… знаеш за кој ти зборам, тој специјалниот што не го давате на секого. Тебе ти паѓа едно незгодно, кај на бурек те носи, па и јогурт нарача, ќе го ошуриш кутриот. Ама па после ко ќе им кажуваш на другарките дека те однел на бурек, има главна цура во маало да бидат. Дури и таа најзгодната и најубавата во маало, онаа по која што паѓаат сите машки – дури и тие што бендисуваат кељави девојки, ќе ти љубомори до даске, бидејќи најмногу што она добила на состанок е еклер и боза. А типот има хациенда на водно.


И ќе им раскажуваш на другарките како е да се оди на бурек, каков вкус има бурекот и која е разликата меѓу бурек и јогурт и бурек без. А тие додека едната ти ја чешла косата, а другата ти прави плетенка за вториот состанок со типот, на кој што ќе јадете бурек со месо (!), ќе можат само да те слушаат и да си мечтаат дека и тие еден ден ќе сретнат право скопско фраериште кое што не само што ќе има пари да ги изведе на бурек, туку ќе има и врски да потегне да резервира маса, за да не го јадат бурекот одпростум како обичната раја, туку седеечки, како права госпожа.

Twitter Delicious Facebook Digg Stumbleupon Favorites More

 
Design by Free WordPress Themes | Bloggerized by Lasantha - Premium Blogger Themes | 100 Web Hosting