Недалеку од македонското гето од кампови кај Лептокарија, во Грција се наоѓа една сосема поинаква и многу повредна туристичка атракција од оние што ни се стандардна рутинска летна викенд шема - златните песоци на Пефкохори и Икеја рајот во Космос.
Метеора е комплекс на 6 манастири кои што се изградени на врвот на карпи изникнати среде пустелијата на средна Грција од нигде никаде. Нема да навлегувам во тоа како настанале карпите, има доволно информации за тоа на интернет. Она што сакам да ви го доловам е неверојатната глетка одоздола од селото накај карпите, и глетката од горе од карпите накај долината.
Метеора се наоѓа веднаш над малото градче - село Каламбака. До таму се стига:
- со автобус од Солун, се менува автобус во Трикала, најблискиот поголем град до метеора
- со воз од Солун, поефтина варијанта од автобус
- со кола со правец Трикала, и после прашувате некој Грк скјуз ми Метеора, и ви кажуваат насоки
Каламбака е мало градче - село, кое што се состои од 100% опуштени грци во сиеста мод и туристи дојдени специјално за Метеора. Нема пијани Англичани, нема пена парти, нема сиртаки журки, нема македонци со гајби патлиџани во гепек што прават галама. Само мали тавернички со малку посолени цени од солунските.
До манастирите горе се стига исто така на повеќе начини.
Мојата препорака:
- hiking - има планинарска патека која што води од селото до патот горе што ги поврзува манастирите, и се излегува точно кај еден од манастирите. Станете рано и одвојте го целиот ден за Метеора. Понесете доволно храна и вода. Планинарската патека на моменти е бајаги стрмна, на моменти е ептен блага, и во услови на екстремна жештина, ограничени количини на вода и многу споро темпо, ние ја искачивме патеката за 40 минути, колку што и беше наведено на таблите во подножјето. Така да претпоставувам дека во малку понормални услови, кога температурата не е над 40 и кога се носи повеќе вода, времето на искачување е побрзо. Меѓутоа во услови на имање цел ден исклучиво и само за манастирите, ви препорачувам да не трчате нагоре и да не се уморувате, туку да уживате во прошетката, бидејќи на моменти додека планинарите, глетките се навистина прекрасни. Ви ја препорачувам оваа варијанта бидејќи освен културно уметничката посета, ќе имате и прилика да поминете ден во природа, а сепак да не сте далеку од цивилизација.
Другите варијанти:
- Со автобус. Има неколку автобуси дневно кои што одат до горе или не, картите се со разумна цена. Стандардната туристичка варијанта.
- Rent a car, rent a scooter. Има можности да изнајмите кола или скутер, меѓутоа според мене тоа е тотално непотребен трошок, кога веќе има јавен транспорт што оди до горе.
- Со сопствена кола - ако сте со сопствен превоз и не ви се планинари, ова ви е очигледното решение.
Како и да се качите, глетката горе ќе ве остави без здив. Во времето кога овие манастири се граделе немало коли. Како ли е изграден на пример манастиров што е на врв на карпа неповрзана со другите карпи ама ич не ми е јасно.
До овој манастир, Свето Тројство, на пример се стига со жичара од патот каде што се наоѓаат другите манастири. Како ли стигале порано таму...
Манастирите се доволно блиску за да отидете од еден до друг пешки. (Напомена повторно, ако правите ваков излет како мене, земете со себе мнооооогу вода) Откако ќе ги изгледате сите манастири, останете уште малку до зајдисонцето. Манастирите затвораат во 5 саат. Меѓутоа верувајте, вреди чекањето.
Ви претстои едно од најубавите зајдисонца што сте ги виделе.

0 comments:
Post a Comment