Наградна игра за во финале на европско

Дечки дечки!!! Во Ситимол има наградна игра на која што главната награда е патување за двајца на финалето на европско првенство!!! Значи платен пат, смештај и две карти за во финале за двајца. Paris for two baby!


Е сега, за да се квалификуваш, треба да шутираш топка :D :D :D


Има едни дупки, и треба да шутираш и да ги погодиш, и така се квалификуваш за учество. Изгледаат вака.




Јас не бев баш најсоодветно облечена, и малку со штиклите не можев да шутирам, ама планирам да отидам деновиве со патики и со другар под рака што игра фудбал 3 пати неделно, да шутира за мене.


Ете така. Ако случајно ја добиете главната награда, нека ви текне од каде дознавте за награднава игра, ја сум супер друштво за на пат, се пакувам во мал куфер, знам што е офсајд и знам на француски да нарачам пиво. Па сега, вие со кого ќе одите, тоа си е ваше.

Шеринг из керинг. Нема на што, повелете и друг пат. <3 3="" span="">

CONVERSATION

0 comments:

Back
to top