Патувачки дневник: Осло (дел 1)



Станавме рано сабајлето во ниедно време и се упативме накај аеродром. Т.е. јас и сестра ми воопшто не станавме, од диско продолживме на аеродром. Ивана беше таа што си отспа ко човек. Прво влегување во кола: Лелееееее, ама мирисате на алкохол…

Се тоа беше испланирано однапред: 3 саати лет до Торп, и уште саат и пол со автобус, повеќе од доволно за да се дремне. Арно ама Визер решиле дека седиштата во авионот не се спуштаат, а шатл бусот беше преполн за да може да се дремне. Нејсе. Нашите подочњаци и ние стигнавме во Осло, и јас тогаш приметив дека ми го нема новчаникот – го заборавив во автобусот. Може им е ладна и без сонце државата, али поштени се бе. Хладно, ал’ стандард. Си го пријавил новчаникот возачот во lost and found, се јавивме во корисничка поддршка каде што ни кажаа дека ми е најден новчаникот, 2 саати после тоа си го земав, сосе пари, сосе пасош, сосе картици, со све! Не ова не е уште една епизода Јована без пари на одмор, два пати ме имаат ограбено на патување, третиот пат влакно фалеше да останам без пари и пасош сред Барселона. Ама за малце ќе беше.

Првиот ден ко прв ден, ненаспани и возбудени, ко муви без глави се шетавме без концепт и пиевме кафе од миљон евра за да се освестиме. А да, не знам дали ви спомнав, Норвешка е ужасно скапа.

Саботата беше резервирана за културни активности. Полуостровот Бигдој (ваљда така се изговара, тоа норвешкиот многу шкљ јазик е) е полуостров каде што се сместени еден куп музеи. Прва дестинација – музејот на викинзите. Тоа е музеј во кој што се изложени два викиншки бродови и еден куп артефакти најдени за време на ископувањето. И генерално музејот не ни приближно толку интересен колку што е опишан по туристички водичи и буклети.



Мислам океј, да, бродови од 800 и некоја година се интересни, ама музејот нема никаква содржина. Освен дека во едниот брод се превезувале починати жени, а во другиот починати мажи, ништо друго не беше разјаснето. А да, не беше ни објаснето зошто и каде ги носеле тие починатите… каде ги закопувале, на острови ли ги носеле, во море ли ги фрлале… кој знае…




Од таму се упативме кон музејот Фрам. Е тоа е веќе нешто. Тоа е музеј во кој што е изложен бродот Фрам, брод со кој што се правеле поларни експедиции. Целиот брод е изложен во музејот, да. И освен што може да се влезе во бродот и да се види како тие луѓе што оделе на поларни експедиции живеле во тој брод – дневна соба со пијано и грамофон, кујна со шпорети, тенџерија и сл. музејот има и многу пропратни содржини.

Соба во која се симулираат поларни температури. Па бидејќи нас надвор не ни беше доволно ладно, се пикнавме таму да се смрзнеме на минус петнаесет. Изгледавме и краток документарен филм за експедициите на северен и јужен пол правени со бродот.




Fun fact 1: На експедицијата на јужниот пол бродот тргнал со дваесет и кусур, а стигнал со триесет и кусур кучиња на брегот на антарктикот. Мда, кучињата што ги зеле со нив за да им ги влечат санките супер си поминале по пат. Иначе експедицијата се одвивала така што кучињата ги влечеле санките со реквизити и храна, а луѓето скијале покрај санките.

Fun fact 2: Поларната мечка поминува дури и до 60 километри дневно. И може да помине неколку дена во вода. А ќе си речеш мечка…

Не ни остана време да отидеме во музејот на холокаустот. Генерално си реков веќе дека нема да одам по еврејски маала кога шетам по градови, бидејќи преку глава ми е веќе од синагоги, од еврејски гробишта и од меморијални центри, сегде те једно те исто, ама овој центар сакав да го посетам бидејќи градбата е всушност бившиот дом на Квислинг – типот што ги предал норвежаните и склопил пакт со нацистите за време на втората светска војна. Па претпоставувам дека има и доза едукативен историски момент музејот, ама чорба македонче… следниот пат.

Се упативме кон центарот на Осло, правец градското собрание и the Nobel Peace Center. Градското собрание е место каде што се одржува церемонијата за доделување нобелови награди (освен што тоа е всушност градско собрание, и таму си оди градската администрација на работа), а the Nobel Peace Center е центар каде што секоја година добитникот на нобеловата награда за мир прави изложба, и таа изложба трае цела година, додека не го изберат следниот добитник наредната година. Меѓу другото таму се изложени и сите лауреати на нобеловата награда за мир, и додека типката ни раскажуваше за изложбата, за малечката Малала (девојчето од Пакистан што лани доби Нобелова награда за мир), сакав да ускочам и да и кажам дека сето тоа е само една голема фарса и дека војни постојат бидејќи постои воена индустрија, и додека таа воена индустрија цвета, некои од добитниците на Нобелова награда за мир се Европската Унија (!!!) и Барак Обама, кој што кога беше крајниот рок за пријавување на кандидати беше вкупно 12 дена претседател на САД. И тие седат рамо до рамо со Мартин Лутер Кинг, или Мајка Тереза и сл…. Ама не ми се расправаа голбални полики. Па си преќутев.




Иначе, никој не знае зошто целата таа церемонија се одвива во Норвешка, кога Алфред Нобел бил Швеѓанец. Така стоело во неговиот тестамент, и луѓето тоа го испоштовале.





Попладнето прошетавме покрај пристаништето, и 3 пијачки и 36 евра подоцна, бевме дома, на македонска вечера. Пријателите кај кои што престојувавме (всушност пријатели на моите) имаа викнато гости на вечера.

Се изнајадовме, мешињата ни се подуја ко тесто за мекици. Вовлековме стомаците, земавме воздух, ги натнавме фармерките, ги ставивме нашите red shoes on и отидовме во град to dance the blues. Без чадор. А надвор само што почнуваше да врне.

За норвешкиот ноќен живот во следниот пост….

CONVERSATION

1 comments:

Артур Борис  said...

Я Артур Борис, жыхар / грамадзянін Рэспублікі Расія. Мне 52 гады, прадпрымальнік / бізнесмен. У мяне калісьці былі складанасці з фінансаваннем майго праекта / бізнесу, калі не мой добры сябар, які пазнаёміў мяне са спадаром Бенджамінам Лі, каб атрымаць крэдыт у яго кампаніі на суму 250 000 долараў ЗША. Калі я звязаўся з імі, спатрэбілася ўсяго пяць рабочых дзён, каб зрабіць мой крэдытны працэс і перавесці на мой рахунак. Нават пры дрэннай крэдытнай гісторыі яны ўсё яшчэ прапануюць вам паслугу. Яны таксама прапануюць усе віды крэдытаў, такія як бізнес-крэдыты, крэдыты на жыллё, асабістыя крэдыты, крэдыты на аўтамабіль. Я не ведаю, як падзякаваць ім за тое, што яны зрабілі для мяне, але Бог узнагародзіць іх у залежнасці ад свайго багацця ў славе. Калі вам патрэбна тэрміновая матэрыяльная дапамога, звяжыцеся з імі сёння па электроннай пошце Lfdsloans@outlook.com WhatsApp інфармацыя ... + 1-989-394-3740

Back
to top