Шако Полумента рулз

Абе скоро ко дома се осеќам. Уште фаците на овие Германциве да не им беа толку грди.

Ми пратија моите пакет вчера вечер. Денес бев во Франкфурт да си го земам. И рекол возачот на мајка ми дека автобусот ќе застане пред некоја си агенција Туринг кај железничката. Одам јас таму, влегувам во агенцијата и и викам на госпожата: Guten Tag, ist der Bus aus Mazedonien gekommen? А таа ми вика - Не, још није стигао!!!

Добро, се разбравме на српски, дека ќе дошол за 20 минути, и јас да се прошлаам во меѓувреме, влегов во една продавница каде што се продаваат дрангулии одма до агенцијата. Крш. Окезен Кинез на каса, само се смешка и ништо не зборува, во позадина Миле Китич, а на каса стојат дечко и девојка и се расправаат дали да купат ЦД од Драгана Мирковиќ или Шако Полумента. Девојката навива за Драгана, а дечкото за Шако. И по 5 минути расправија, не се договорија... па ги оставија ЦД-ињата, му кажаа на Кинезот ауфвидерзен, и надвор продолжија да се расправаат... Тој бил себичен, а таа сељанка, ма разбираш. Во истата продавница иначе може да ги купите сите филмови со Бата Живоиновиќ и Павле Вујисиќ, а мислам дека може да се среди режење на ДВД по нарачка. Ако знае Кинезот што продава, главата ќе си ја исечам.

Стигна автобусот, се истоварија луѓето... Шоферот еден домаќин човек, што да ви кажувам, сите до еден ги испрати, ги праша како патувале, дали се добро, една жена со мало дете и го зема багажот, ја премина преку улица и ја натовари во такси... А јас кога стигнав во домов со пакетот, натоварена како магаре отклучувам влезна врата и еден Шваба позади мене си поминува внатре пред мене и уште ми вика данке што сум му отклучила... Ај што не ме праша дали ми треба помош со багажот, ама ни врата што не му текна да придржи? Си помина мртов ладен, си влезе во домот... а јас се килавев со куферот по скали...

Ете... секое одење во Франкфурт, си е приказна за себе...

CONVERSATION

2 comments:

Un said...

А кој албум од Полументал? =))

Јована Тозија said...

Не знам, многу се смеев на Кинезот што беше во зен состојба при рокнат Миле Китич во позадина... не можев на такви детали да обрнувам внимание

Back
to top