Без многу објаснување ќе ве молам...

Да ве потсетам на еден стар ама добар виц.

Си дошол мажот дома од работа, додека жена му со тројцата швалери ... Едниот се скрил во рерната, другиот во кадата а третиот во шкафот. Му се пријало на човекот, отвара рерна што да види... човек внатре.

- Што правиш ти тука?
- Електичар сум, ви се расипа шпоретот.

Си рекол човеков добро, ај чим така да одам да се истуширам. Влегува во ВЦ, што да види... човек внатре.

- Што правиш ти тука?
- Водоинсталетер сум, ви пукна цевка.

Е чим така, да барем да се пресоблечам, си рекол човекот. Отвара шкав, што да види - угол гол маж со онаквото во раце во шкафот.

- Што правиш ти тука???
- Јас сум молец!!!
- Како бе молец????
- МОЛЕЦ БЕ МОЛЕЦ, НЕ СИ ВИДЕЛ МОЛЕЦ???

Е, истава оваа стратегија нашиот новоизбран претседател ја примени пред неколку дена кога го прашаа што значело разумно. Разумно си е разумно, ќе ве молам, кој не знае, нека си повтори!!! Се учи тоа на училиште, а богами и на факултет, ако си учел за новинар. И достате со глупави прашања!!! Брееејјјјјјјјј, еден паметен да не се најдеше во државава...

CONVERSATION

2 comments:

Крле said...

1 = 1

што не ти е јасно ?

StenmarC said...

r = r

Back
to top