Tuvalu for the wining

Уште една брејкинг њуз што ја дознав од Твитер. Нѐ признала уште една земја под уставно име. Која земја? – Тувалу. Ќе бидам искрена, никад чула за земјава. Изгуглав одма, ја најдов на мапа и прочитав на Википедија дека островот е голем колку две дневни соби. Штета што најверојатно никогаш во животот нема овој братски народ да го посетам, но сепак супер. Ќеиф ми е. А баш пред некој ден онака од чиста мира прашав што се случува со нашата “агресивна” дипломатија и дали признавањето на РМ под уставно име запре кај братско Зимбабве. И ова денес кога го чув, си викам бре, Сабина не ми е рамна. А ни тарот карти немам.

Туку друго ми беше муабетот. Тувалу – was that your best shot? Гледав вчера малку снимки од тоа што се случува во Грција. Крш на квадрат. Земјата им е пред крах, полиција тепа народ на сите страни, онака кој им дојде при рака, народот крши наоколу се што ќе стигне – од семафори до контејнери, а бродот тоне ли тоне. Се дискутираше вчера малку на темава и разбирам зошто се гневни. Затоа што некој таму не знаел како да го врзе ќесето, сега тие треба да плаќаат тродупло поголеми даноци. Настрана фактот што не се навикнати да работат како останатите смртници по 40 саати неделно, туку 37.5 и земаат по 15 плати годишно а не 12. Но како и да е, народот го носи товарот. И искрено сочуствувам со нив, сепак со мала доза презир во мене (што од субјективни, што од објективни причини).

Прашањето ми е – нели може македонската надворешна политика и дипломатија некако подобро да го искористи овој момент кога Грција буквално тоне? Или ова е as good as it gets? Политиката е курва и во неа нема место за сочуство. Можеме да сочуствуваме ние обичните граѓани, да споделуваме информации, да блогираме, поддршка да даваме за обичниот народ таму полиција што го тепа. Ама на дипломатијата наша во моментов хиена не треба да и биде рамна. Да гризе онака крвнички. Има уште еден тон такви земји за кои што ние никогаш не сме чуле, и на кои што им е гајле за проблемот на Грците со нашето име. Каде се тие? Зошто нѐ немаат признаено до сега? Што е со братско Џибути? Буркина Фасо? Тие островите таму околу Тувалу што се големи колку 3 а не 2 дневни соби. Што е со нив? Грција да беше на нашето место до сега, они нас ќе ни го имаа сменето името, а не ние нив! Но тоа е. Место за дипломатија, се даваат пари за рекламирање на Агенција за Електронски Комуникации (1 мил. Евра!!!), место за промоција на македонскиот филм надвор (види тука) се фрлаат пари за да влеземе во Гинисова книга на рекорди како земја со најголем број на споменици по глава на жител. Што би рекле твитераши, куглај сине!

П.С. Почитувана екселенцијо, почитуван господине Манчевски, со сета должна почит кон обајцата, за вас имам само еден збор: КИРИЛИЦА!

CONVERSATION

4 comments:

Makedonets said...

"нели може македонската надворешна политика и дипломатија некако подобро да го искористи овој момент кога Грција буквално тоне"


поставивме статуи, добар почеток ;)
потсети се за дискусијата околу статуата во Битола, одамна стоела спакувана во „ќоше“...иначе, самите имавме бурен период во три фази, пред изборен - изборен - пост изборен (кој според мене уште трае), тешко во такви моменти да бркаш надворешна дипломатија кога внатрешните волци те бркат.
Па да видиме сеа што ќе следи...

Поздрав

Јована Тозија said...

Ама не е овој крш во Грција од вчера. Деновиве само се случуваат протести. Иначе тие тонат полека но сигурно веќе подолго време. Пред/пост изборниве периоди се нерелевантни. Тие банкротираат, па пак нивната дипломатија ни дише на нас во врат, и рипа при секој чекор што ќе го направиме. А ние сме стално со философијата: Чекај да поминат одмориве...

Очекувам протестно писмо до Тувалу од страна на кај и да е.

Anonymous said...

Не може подобро.
На времето не призна САД, а сега чинам веќе жалат. Во ЕУ нон стоп нешто не преименуваат и се тоа по грешка. Тоа е реалноста денес - нашиве каде што се големите к.... никаде ги нема па отидоа да си бараат сојузници кај малите.

Cynthia William said...

ЗДРАВИ ПРИЈАТЕЛИ ..... моето сведоштво за добрите дела на д-р Џон, кои ми помагаат ... Јас сум Синтија Вилијам од САД. И се извинувам што го ставам ова на интернет, но ќе морам од овој светски врвен магионичар кој го врати мојот сопруг кој ме остави во изминатите 5 години, јас на крајот го запознав овој човек на блог-страница, објавувајќи еден од клиентите за помош, јас му објаснив сѐ и ми кажа за еден маѓосник за кој слушнал и ми даде адреса на е-пошта за да му напишам на волшебникот за да му кажам на моите проблеми. Само два дена, мојот сопруг се враќаше кон мене. Јас само сакам да кажам благодарам на овој искрен и искрен магионичар, господине што ви го кажавте, се случи да ви се заблагодарам, господине. Ве молам, сакам да им кажам на сите што бараат решение за проблемот, ве советувам љубезно да се консултирате со овој оркестар, тој е вистински, тој е моќен и што и да каже за тоа што ќе се случи, ми дојде да помине. Вие можете љубезно да го контактирате на: неговата email адреса, drjohnsoco@outlook.com, или директно на whatsapp +2348147766277

Back
to top