Воин на коњ

Да ви кажам искрено не знам од кај да почнам. Имам толку контрадикторни чувства во мене по повод стауиштето, што не знам како да ги сврзам тие мисли и едно логичко следство да оформам. А инженер сум мме, барем за тоа ме биваше, ако за ништо друго.

Но нејсе. Не е тоа битното.

Битното не е драги мои дали сме ние антички Македонци или не. Се живо поминало низ нашиве простори, оставило троа од неговото семе, и продолжило понатаму. А богами и по едно мало Турче лежи во секој од нас. Така да антички да се нарекуваме немаме право, а и словени исто така. Можеме само да се нарекуваме Македонци. Ништо повеќе.

Битното не е ни дали му е местото на плоштад или не. Скопје е грдосија од град, одговорно го тврдам ова, и сите статуи и барокни згради на светов ако ги пресадиме и пресликаме кај нас, тоа нема да ја смени мојата претстава за градот. Тоа не значи дека не си го сакам градот, да не се разбереме погрешно. Мене душата ми се полни кога шетам по скопскиот асфалт. За тоа колку го сакам Скопје пишував и во еден мој претходен пост.

Битното не е ни дали статуата е поголема од околните згради. Јас како некомпетентна на полето на архитектурата и естетиката (естетиката пред се зошто е релативна работа) не можам да дебатирам дали е ок статуата да е поголема од околните згради. Нити пак дали е сеизмички исправна, статички дрн мрн… Архитектите тука можеби ќе се почувствуваат навредени, но како што напоменав претходно, Скопје е грдосија од град, и јас мислам дека ништо на светов нема да му ја смени таа придавка. Така да дали зградите се повисоки, или статуата е сосема ирелевантно.

Битното нажалост не е ни повеќе тоа што таа статуа чини 9 и кусур милиони евра. Имавме избори, најдемократски на свет, со над 70% излезеност на кој што македонскиот народ потврди дека сака статуи и коњи, и тие пари се сосема легитимни и оправдани. Тие пари се исто така веќе платени, и нив нема веќе да ги видиме, исто како што Германија нема веќе да ги види назад милијардите кредит што и ги даде на Грција.

Битното е нешто малку посуштинско.

Битното е што статуата се вика Воин на коњ. Ах македонски народе мој. Сакаш да се онадиш, а да не ти влезе. Простете ми на јазиков, ама нели сум во право? 25 метарска статуа на Александар Македонски да кренеш од чалам и страв да ти биде да ја крстиш, за да не ти се појават Господин Господин Фуере и останатата компанија, чии што жени не знаат како да си ги приберат мажите по дома, па смисолта на животот ја наоѓаат во солење на туѓи манџи, е толку бедно што добивам нагон за повраќање. И немој да сум чула некој да ми излезе со контрааргумент дека тоа му бил само работен наслов. На таквите една бабичка, што сега не е веќе меѓу нас, порано им викаше: “Не треси глупости! Устите со гомна ќе ти ги наполнам.”

Битното е што уште пред Воинот на коњ да стигне во Скопје расклопен на делови како киндер јајце, нашите новинари веќе наголемо не предупредуваа за можните реакции од Елада и нејзиното височество меѓународната заедница. Деновиве нема колумна, нема весник, нема ТВ дневник, а да не слушнам дека нас не опоменале, дека Грција расправала за нас во парламентот, дека сме имале територијални претензии… А реакциите меѓу обичните смртници поделени. Едните потресени, да не стварно не снајде самрак света, а другите со гради широки колку Водно наше, демек глејте, на нас ни е поголем!

Ало? Енибади хоум? Единствена ли сум на светов што ми е преку глава од тоа странски експерти да ми кажуваат што да насадам во сопствената бавча? Единствена ли сум на светов што мисли дека на една земја која што се наоѓа на дереџе да ги распродава сопствените пристаништа и автопати, не и е баш местото да коментира за статуите во главните градови на други земји? Каде е таа меѓународна заедница да и рипне на Грција и да и каже прво да си го среди сопствениот двор, па да мрчи за туѓите? Каква е оваа хипокризија? За едни мајка, за други маќеа. Која е таа арогантност што си ја приуштуваат браќата Грци нас да ни кажуваат какви статуи смееме, а какви не смееме да подигаме?

До кога ќе се тресеме бре што мислат другите? Ако нешто правиш, направи го како што треба, машки. Со мадиња! Или ич не го прави. Од што се плашите? Што ќе ви направат? Ќе ви мавнат по една заушка??? Нема да ви е прв пат, ај ви се молам.

 

CONVERSATION

10 comments:

Anonymous said...

Како што почнуваше текстот си мислев дека ќе плукаш по статуата ама после ја долови вистината.Тоа што си го градиме дворот дури сега е доказ дека сме држава,а тоа ментално е останато кај нас и така не учеа и нашите родители,што ќе правиш таму?Што ќе кажат комшиите?На комшијата жена му итн.Така да тоа ќе го искоренеме во иднина како што имавме страв да градиме нешто што е наше,наша историја,наша култура демек тоа било селски,ќе сме се враќале назад во минатото,а немат појма дека со добро менаџирање тоа минато нам може да ни донесе профит од туристи.Иако не сум од Скопје поточно од Струмица сум,ама стварно Скопје беше грд град се до дека оваа влада не почна да гради во него,не сум адвокат на владата ама стварно е така.

Уште пред 15 години кога другар ми беше бруцош дојдов на студентска журка и токму на оваа полјана си рековме дека дефинитивно тука треба да е Аце па може и Гоце со споменик.Треба да се гордееме дека сега го има и Даме и Мето и Гемиџиите итн.Некој надвор од главниот град(провинцијалец како што велите вие од ск) можеби ќе каже кур ме боли за ск и Скопјаните,глеј таму Струмица да е арна,ама навистина главниот град е одраз на граѓаните на една држава па макар и тие не живееле во тој главен град.Сега со Скопје и јас се гордеам иако не сум Скопјанец,само треба да си ги смениме некои ложи однесување во сето тоа што го градиме да не го гнасиме,да не фрламе отпадоци на улица итн.На крај краева не е битно дали
ќе е Александар или воинот на коњ во Скопје или пак Гоце Делчев и Жената карневал во Струмица џабе ни е ако сето тоа како еколошки така и политички се скрнави.Воинот на коњ е мој и на секој граѓанин на Македонија исто како што е наш и Струмичкиот карневал и Вевчанскиот.

Anonymous said...

Јована, политиката е расипана работа! Јас мислам дека паметно е направено што скулптурата не е крстене Александар! Така Грците немаат правно-формално право да се бунат! Ги тепаме со нивни камења! Па нели тие не ставија вето за прием на Македонија во НАТО? Само пртходно спремија се за да не стават вето! Е па сега и ние не го ставаме Александар, туку воин на коњ!!!!!!!!!!!!

Pinky said...

hahahaha dobro kazano :))) gi teoavme na Grcite

аждер said...

Постов не да не ти ја погаѓа суштината, скроз наопаку е од неа. Пардон на сите градотупачи шо им се исполни водното ама ова е:
* Скопје било грдо? Па шо, тоа оправдува уште нови грдосии? Ај ти се молам, ако некој претходно го силовал, ние да се приклучиме на злоделото?
* Девет милиони евра пари земени од странци и најголем дел пикнати в џеб на кој и да е функционер шо си ја има фирмата изведувач или скулптурџии од партија, место да се направи бизнис шо не само ќе вработува луѓе и ќе биди самоодржлив, туку и со данокот од него „државата“ (се ми се чини дека ова е новиот синоним за „партијата“) без да се задолжува надвор ќе си направеше идеолошки дилдоа, но кај шо треба.
* Не на плоштад. Па ММЕ ако на плоштад немаш широко отворен и прегледен простор за народ да се размини, кај ќе имаш? На чиј друг факин плоштад немам место за поминување? Ако стварно се сакало да се направат споменици, требало да се направат правилно, барем по краевите на времепловот (плоштадот) Македонија. Вака спомениците сепак не тераат на спомен, но тој спомен буди сѐ освен добро чувство кај луѓето.
* И не ми е гајле за грци мрци и европејци џоа дејци за нас. Велам за народов овде. Кој не погледнал во грдосиине таму и не помислил, колку луѓе останаа невработени и ненаранети поради нив, тој има проблем со реалноста во која што живееме, да не речам и со друго.

Јована Тозија said...

Аждер, ја се сложувам со тебе по сите точки. Но како што реков, кога излезе владата и го најави проектот, имаше бунења до небо. Некое време после тоа, имаше избори, најдемократски на свет, и истата влада доби уште еден мандант. Легитимно е!!! Тоа е демократија, мнозинството одлучува. Што да правиме, не ми се свиѓа ни мене, ама им се свиѓа на повеќето околу мене... А најжално од се е голем дел од тие луѓе што немаат за леб и не знаат како да сврзат крај со крај, безусловно ги поддржуваат милионите фрлени за барок во 21 век.

аждер said...

Јована, не се сомевам дека се сложуваш со точките што ги наведов, се сомневам дека не ги сметаш за битните суштински работи, туку за такви ги сметаш оние што ти ги пиша. Иако се сложувам со твоите, не мислам дека се посуштински од моите :)

Исто така, ова „...демократија, мнозинството одлучува...“ никогаш во историјата (од самото ковање на зборот) до денес не ни било точно.

Ни во атина кога 2,500-5,000 одлучувале за 100,000 ни денес не важело тоа што го кажуваш.

Демократија = велат „власта на народот“, јас велам „народот да владее, а не мнозинството“. Значи, сеуште сме далеку од тоа :(

Јована Тозија said...

Тоа е веќе субјективна работа, кои работи на кого му се поприоритетни. И околу тоа можеме да дебатираме до миљон :) Може ќе се убедиме, може не. Не е ни битно...

Јас со 9 мил. евра позајмени пари за бронза се помирив, во моментот кога се реизбра владата. Си реков на себе, тие пари се сега сосема оправдани и легитимни. Она што мене искрено ме мачи е јачање на национална свест, мегаломанскиот пристап кон тоа и истовремено изигрување на кукавица во истиот момент. Тоа би му дошло нешто како војсководец, кој што ја команда војската на сигурно, од позади, а не ја предводи напред во први борбени редови. Ко што кажав, мислам дека ако се прави веќе нешто, треба машки, со мадиња...

Anonymous said...

Па... ти ја отвори дебатата со тоа што се суштинските прашања (кои што и од некој друг биле субјективни), па понуди твои. Така ако имаш право да кажеш нечии не се, тогаш се оставаш отворена и твоите можеби да не бидат :)

А мислиш со тоа што кукавички без претходни дебати ги направија статуите не ти смета, но тоа што го смениле името на коњот и јавачот ти смета?

Мислам дека нивново, не е изигравање кукавица, туку тежок цинизам, посебно ако гледаш од грчка страна. Како би се однесувала кога некој со уличарски менталитет би те убедувал дека коњот е всушност крава, воинот кравар?

Што се однесува до легитимноста, ако не прекршиле ниеден закон и правилник (државен и општински) тогаш Е законито, ако не, ни сто години реизбор не ги прави легитимни.

Јована Тозија said...

Дали кршат закон или правилник не знам. Навистина не знам.

Знам дека спомениците се градат со позајмени пари. И дека цела јавност негодуваше за тоа дека огромна сума на пари се троши за споменици наместо за инвестирање економија. Кога имавме можност да влијаеме на тоа директно, не успеавме. И за мене таа тема е затворена. Легитимни ми се. Како што некој кажа по изборите, "Да имало избори во турско, Македонецот сигурно ќе гласал за султанот".

Ќе ми рипнат сега еден тон луѓе дека сум СДСМ, ама гајле ми е :)))

Unknown said...

Сакам да има глупак работа. Турција во потрага по естетски лекар. Op. Д-р Али Mezdeği?
meme estetiği

Back
to top