Повик


Јавно ги повикувам сите членови на партии, позициски и опозициски да излезат денес, 08.06.2001 на протестот пред Мајка Тереза во 18.00 часот и да покажат дека правдата и човечноста ја ставаат пред партијата. На оние опозициските нека не им биде страв дека на протестот ќе му се додели политичка димензија. На оние позициските нека не им биде страв дека родителите ќе им ги избркаат од администрација. Оние од другите националности нека покажат дека човечкиот живот е подеднакво битен, независно од националноста.

Но нека дојдат на протестот како граѓани, а не како претставници на своите политички партии. Нека покажат човечност, да бидеме еднаш во историјата обединети по прашање за кое што не смее да се има поинаков став.

Пред малку беше соопштено дека за време на обдукцијата имало присутни полицајци. Зошто портпаролот на македонското МВР изјави дека со таков случај не е запознаен?

Излезете сите до еден и борете се против корумпиран трул систем. Против репресија. Против перењето на мозок. Знаењето а моќ! Не дозволувајте некој тоа да ви го одземе! А ако некој се обиде да ви го одземе, спротивставете му се, макар била тоа и вашата партија. Освестете се, пробајте да размислувате со сопствената глава. Не со онаа со која што ви е наложено. Таа не е таму само за да ви стои на рамења.

Воедно го повикувам господинот Драган Павловиќ - Латас да си ги спакува куферите и да си оди од државата. Засекогаш. За негово добро. А и за наше. Јас никогаш во животот никому немам посакано лошо, но такви клетви ми се вртеа во глава за него и неговите медиуми минативе два дена, што се срамам од самата себеси. Има доволно пари. Нека си купи некоја куќа покрај плажа на море и нека срка Секс он д бич под палми. Ќе биде посреќен од сега. А и ние исто така. Такви новинари НЕ НИ ТРЕБААТ. И волкот сит и овците на број!

CONVERSATION

0 comments:

Back
to top