The truth shall be heard

Победа за македонската твитосфера! Победа за македонските твитерџии! Победа за младите прогресивни луѓе од оваа држава кои што одбиваат да сркаат лајна и покрај тоа што им се сервираат на тацна.

Вистината е откриена. Млад недолжен живот е згаснат поради бруталноста на македонските специјални единици. Посакувам што поголем одзив на протестот пред Мајка Тереза. Не сум физички присутна таму, но со срце и душа ве поддржувам.

Сите медиуми кои што вчера одбиваа да истражат што се случило и сите оние кои што свесно се трудеа да пласираат дезинформации (Цитат од Вечер: “Од страна на лекар, првично било констатирано дека на телото на починатото момче немало видливи траги на насилство” – а младичот не само што имал траги на насилство, туку бил и претепан) слободно можат да се распуштат и да одат да садат компир. Македонската Твитер заедница има доволно млади прогресивни луѓе кои што во моментов за без пари се бават со истражувачко новинарство и придонесуваат вистината да биде слушната. А МВР да објасни зошто вчера тврдеше дека траги од насилство кај детето немало. ОДМА!!! Сочуство до родителите, фамилијата и пријателите на младиот Мартин. Нека почива во мир.

CONVERSATION

2 comments:

@acolazarov said...

all credits go to: TAtanasoska

@acolazarov said...

@TAtanasoska *

Back
to top