Инспирација

Пред еден месец на еден мој драг пријател од Турција, исто студент тука во Фулда, му го покажав филмот Прашина од Милчо Манчевски. Знаеше за Манчевски и за Пред Дождот, но за Прашина не знаеше, и покрај тоа што бев уверена дека тој филм во Турција имаше голема промоција.

За време на филмот, Јенер ме праша: "Јована, кога учите во школо за Отоманската империја, во каква конотација учите? Добра или лоша?" Јас се запрепастив од прашањето и му објаснив што значеле турците за нас, дека сите ние имаме по некој прапрадедо кој што бил комита распнат на кол, дека деца земале како млади да ги прават јаничари, дека на малите девојчиња им тетовирале крст на челото за да не можат за анами да ги земат, му го објаснив принципот на кадија те тужи кадија ти суди... итн итн итн... Му објаснив и дека заради многу добрата соработка меѓу Македонија и Турција од пред неколку години поимите распнат на кол, клети турци и слични такви се исфрлени од учебниците за да не се шири верска и национална омраза.

На неколку пати низ филмот, заради крвавите сцени, Јенер се фасцинираше дека за прв пат во животот ја осознава и другата страна на историјата, бидејќи нив во школо ги учат дека Турците им дозволувале на другите нации да си го задржат јазикот, верата и културата и дека единствено лошо што им правеле на народот е што им ги собирале парите.

Се испостави дека Јенер пишувал колумни за некојси турски весник. Инспириран Јенер од новите сознанства, пред неколку дена напиша и објави колумна во тој весник во кој ги повикува Турците да ја реинтерпретираат Отоманската империја, но овој пат од гледиште на другите нации.

Еве ви го линкот, со онлајн преведувачи ке добиете приближна смисла што сака да каже Јенер во својата колумна.

CONVERSATION

3 comments:

Unknown said...

Јована, шчо ми направи :))) Морав цела статија од дечкото дел по дел да ја преведувам за да разберам што напишал. Ама ептен ме бендиса тоа што ти убаво си му објаснила што и како стојат работите.

Блогов ти е супер, и секојдневно едвај чекам да пишеш нешто ново за да се „освежам“. Само напред!!!
Поздрав,
Тања

Unknown said...

Супер Татијана шо успеа да преведи.... а јас????? Мајку у шлајку.... :)

ПоздраФФФФФФФФ

Ѕуница said...

и јас му велев на татко ми: Знаеш, Турците берем не ни ја наметнале верата и јаѕикот.
А тате ми вели: Па граделе чифлици, а не школи и џамии.
поздрав

Back
to top