Т'га за Југ

Го разбирам Миладинов. Тек сега го разбирам. На човекот му било тешко. На сите ни е тешко кога сме далеку од дома. Ама тоа не е доволно да те инспирира да напишеш ремек дело како Тга за Југ. Ај оди во Барселона живеј на пример, каде што има 365 сончеви денови во годината, и инспирирај се за една таква песна. НЕМА ШАНСИ! Се што му фалело на човекот е сонце. Ништо повеке.

Се збудале времево. Ама го отупе озбилно. Дождови, снегови, градови, уште да почнат камења да паѓаат. За 5 месеци сонце видов 5 пати. Мојот драг колега Крле ме пофали пред некој ден дека блогов ми бил супер, ама ми фалеле слики. Еве, за да ви доловам подетално какво е времето овде, ке се изразам ем математички, ем графички. Нека претпоставиме дека имаме променлива х = месец и функција f(х) = Број на сончеви зраци. Во Германија графикот на оваа функција претставува Гаусова крива, со М = Јули/Август и максимална вредност на f(x) = Таман. Еве како тоа изгледа:

Кај Барселона истата таа функција има Гаусова распределба со М = Јули/Август со таа разлика максимумот на таа функција е малку повисоко.

Ете така. Се надевам дека ке огрее сонцево кај и да е, да не напишам и јас некоја поема случајно.

CONVERSATION

1 comments:

Крле said...

Браво за сликите, смешни се

Back
to top