Просто како грав

Пред неколку години излезе нели оној мјузикл Мулен Руж со Никол Кидман. На вести го отупеа тогаш што бил Мулен Руж на времето, што тој значел за Париз... И јас целата заинтересирана после една таква емисија, одам и ја прашувам мајка ми: Мамо, што е всушност Мулен Руж? Почнува мајка ми да ми објаснува - кабаре, ама не обично кабаре, со живи настапи, со претстави, со музика, со тантара пантара... Всушност оди и прашај го татко ти, тој бил таму, најубаво ке ти објасни.

Одам, и го прекинувам татко ми во неговата идила додека пуши цигара на тераса и чита весник и му викам: Тато, што е Мулен Руж? А татко ми ми се врти и како од пушка одговара: Кафана у Париз!!!

CONVERSATION

4 comments:

Neda said...

Lele Jovana mi go razubave denot! A da ti se javuvam sekoj den po 5 min da me posmees malku. Cisto onaka za dobro raspolozenie!
Super ti e blogov. Samo tebe moze vakvi raboti da ti se slucuvaat! :):) I iskoristi toa kartata za voz da me vidis vo Atina.

marina said...

kafana u pariz:))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))
car be car, se gleda covek od skopje kako ednostavni odgovori dava:)

biljana said...

hahahhaha...bravo za komentarot.

Emilija said...

Pivo za Tozija Senior....CAR!!!!

Ale...super ti e blogov...mora da prodolzis da pisis...me iznasmea...imav zaboraeno kolku si polna so gluposti...:D:D:D:D

Back
to top