Скопска ситуација #ГоСакамГТЦ
Бев 3та за 4та. Беше лето во Охрид. Со едни двајца дечки поприлично пијани се враќавме накај дома во 7 сабајле, гушнати рамо преку рамо правевме осмици низ охридските сокаци и рецитиравме тотално несинхронизирано:
Моите дни знај тажни се тажен сум и јас
ме буткаат кон ѕидот да го дадам својот глас
но животот е пекол без пари јас сум бистар ум
оазата на мирот за мене е пандемониум
Врска немавме што пееме. Ама ТОТАЛНО врска немавме што пеевме. Нит бевме тажни, нит некој не буткаше кон ѕидот, нит па нешто бевме скроз ич без пари... Толку врска немавме што пееме што кога дојде стихот "не умирај магаре во зелена трева, ќути и трпи гледаш те тераат, гзот да го натртиш" јас фино лепо културно сред улица се наведнав.
- Јована, што ти е, лошо ти е?
- Не бе, праам ко во песната...
Поминавме низ многу глупости цела оваа наша пуста младост. И за жал морам да констатирам дека како младина, која што има една задача - да биде бунтовна, ние не успеавме. Не успеавме да се налутиме. А упорно го чекам денот кога ќе се налутиме. Кога ќе бидеме проклето лути. Кога ќе кренеме среден прст во воздух и кога на клоци ќе ги исшутираме сите до еден кои што се заслужни за тоа што младоста си ја поминавме затворени во трло, преокупирани со малограѓанштина и простотилук, наместо безгрижно да ја поминеме во патување, споделување искуства и знаења.
Меѓутоа доаѓаат нови генерации, и се надевам овие генерации ќе се налутат многу повеќе од нас.
Вечер се САФ на саем, хероите на мојата генерација. Кога дигавме раце горе, малку разбиравме за што зборат овие дечки. 15 години подоцна, не само што разбираме, туку солзи навираат на очиве бидејќи текстовиве се ко завчера да ги пишувале. И лажирани избори, и корумпирана полиција, и интелектот оди пеш, и пиљарите возат БМВ, и младите ги фаќа сафра, сакаат да емигрираат, довчерашниве комунисти слават празник верски.... 15 проклети години прошле и ништо не се сменило.
Во недела имаме шанса да ја почнеме промената. Во недела се случува референдум. РЕ-ФЕ-РЕН-ДУМ. Ваше уставно загарантирано право да се изјасните по прашање кое што директно ве засега вас: Дали сакате владата да потроши еден куп пари за да го претвори ГТЦ во шампита, или сакате да имаме модерно Скопје со јавен простор, модерна архитектура и зеленило.
Вечер ќе се журкаме и надевам доволно налутиме, за во недела побројни од било кога да излеземе, да кренеме среден прст во воздух и да викнеме на глас: I'M MAD AS HELL, AND I'M NOT GOINT TO TAKE THIS ANY MORE!!!

0 comments:
Post a Comment