Земјотрес фестивал
Многу убава работа и се случи вчера на македонската рокенрол сцена. МКЦ беше преполно како во старите добри денови. Може се случува некој бум на македонската рокенрол сцена, или па имам само такво чувство заради тоа што последниве неколку месеци се случија неколку промоции, концерти, издавање нови албуми и слично. Не знам. Ама знам дека вчера имаше бендови со авторска музика на кило. И имаше гужва. Многу гужва.
Откритие на вечерта ми беа еден бенд по име Милко. Ко прави групис стоевме во први редови и окезени од осмица до осмица си викавме со сестра ми: Леле ама добро звучат ејјјјј! Millko. Така се пишувале. Опростете не ги знаев, ми се чудеа луѓе. И јас сум човек. Набрзо ќе имале промоција на ново ЦД. Со задоволство ќе одам да го купам. Феноменален е моментот на откривање на нов бенд на концерт.
Си купивме ЦД-иња |
Се редеа бендови. Д Џон на нивоу како секогаш, Скриминг фор чејнџ беа баш онака хардкор, на ХАХАХА немаше место игла кај да се фрли, а Фонија панкерски скроз стејџдајвинг направија! Партали. Шо да ви расправам.
Еден мој неуспешен обид да го доловам стејџдајвинтог на Фонија |
А МКЦ до толку полно што снема карти. Т.е. се надминал проектираниот безбедносен лимит веројатно, па прекинаа околу 11 саат да продаваат карти. Сега организаторите кога и ако го читаат постов ќе си речат веројатно, оваа многу паметна се прави, ама мое е да измрчам. Не може бе да снема карти на ваква дешавка!!! Може да снема пиво. Ама никако не смее да снема карти. Нека се наполни МКЦ, нека висат луѓе од гелендери. Ма нека се сруши од гужва! Нека се зборува после години и години потоа за ненормалната гужва што се случила на тој и тој фестивал кај што свират независни, пола од нив ноу нејм мк рокенрол бендови. Како дотичната 1998 кога концертот на Архангел собра 10.000 души на саем. Тој што бил памти. А тие што не биле го знаат концертот од зборење. Нека се расчуе дека во најголемиот ек на кромидијади, пифтијади, волови на ражен, сањи барбики, синани сакичи и аца лукаси, нешто друго покрај радиоактивните турбофолк звуци го затресува Скопје.
Па може ќе ни изградат ново МКЦ. Поголемо, поубаво, да собира повеќе луѓе. Може на некој ќе му текне да фрли некој денар за овие бендови, за да можат и тие ако ништо друго, барем за џепарац да имаат од музиката што ја прават. Да се издржуваш и заработуваш од музика на овие простори е сепак мисловна именка, знам.
Драги мои, нека ни е среќна и весела новата 2013, бидете умни, слушајте македонски рокенрол купувајте им ги цедињата и плаќајте си карти за на концерти, не се лактајте за гратиси. Ни посакувам уште многу бендови, многу концерти, многу фестивали и многу многу многу убава музика.
СМРТ ЗА ТУРБОФОЛКОТ, СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ!
0 comments:
Post a Comment