7 недели потоа

Не сум била во Вевчани за да споредувам, велат карневалот во Вевчани бил многу покрвав, меѓутоа сум била на струмичкиот карневал неколку пати можев да констатирам дека годинава имаше најмалку немаскирани особи по глава на жител во главната карневалска ноќ. Нас вечерта конкретно Ејми Вајнхаус не дружеше, само кокаин немавме, оскудација... знаете како. 

На покана на Sunwireless бевме со Дарјан на струмичкиот карневал. Поминаа од тогаш нецели 7 недели, Дарјан прописно ги испости, а јас се уште се смеам за кадата

Пред 7 недели не ни знаев кои се Sunwireless. Дечките освен што полека но сигурно работат на случај покривање на цело Скопје со wireless мрежа, што е стварно суперкул, поприлично користат нови медиуми и социјални мрежи за промоција. И не само тоа. Пред некој ден имаа герила маркетинг кампања. Не сум чула до сега една компанија кај нас вакви алтернативни начини на себепромоција да презема. А да не правам муабет за тоа дека пред некој ден објавија оглас за практикант, кој што за да се прочита цел, требаше да се плати со твит. Ова последново наиде малку и на негативни критики кај твитерџиите, ама човечки е да се греши. 

Се надевам дека ќе приберат некое паметно, способно и амбициозно дете во канцеларија летоска (деца, пријавувајте се не му ја мислете) и дека што поскоро ќе обезбедат стабилен и брз безжичен интернет во цело Скопје. 
  

CONVERSATION

0 comments:

Back
to top