Ограда од милион евра

“Слушам, ебала си се за паре?” – “Еее, 50 денара паре ли су?”

Токму така, не 1.000.000 туку 1.140.000 Евра ќе даде владата на РМ за…. туруруру… ОГРАДА НА МОСТ! Ама да не ситничариме за 140.000 Евра, да заокружиме. Што би рекле Забрањено Пушење једе се кавијар, пије се џин, има се пара има се счим… Све гузоњини синови. Трошат ко да нема утре. Рецесија здраво, невработеност здраво, ребаланс на буџет ма здраааааааааво!!!

Креативниот Васиљ, кога го прочита ова даде многу паметна идеа, сабајлево. Прво твитна, а после и поопширно образложи на ФБ

image

Како што ги дал Господ креативни нашиве веб портали, Кирилица после пола саат излегоа со нивна оригинална вест во рубриката сатирични вести – ограда од живи луѓе.

И знаете што, ова нема да е сатирична вест. Не ви е доста од апатија? Не ви е доста од турски серии, бинго, лото, црни и бели бумбари, сулејмани и силикони, утрински емисии во кои луѓе се јавуваат да кажат дека народот за леб нема а нашминкатана водителка насмеано клима со главата? Нели ви е доста бре да живеете во Монти Пајтон реалност? Нели? Тркало на мост, врби во вардар, милион и кусур за мост…. Не ли ви е ненормално што ноншалантно ги примате овие информации. Срања во Руанда кога се случуваат повеќе се потресувате. Милион евра за мост, па ни во Катар не даваат толку пари за мост. Ко да сме арапски емират се однесуваме!

  • Со милион евра може да се опраат сите вециња во основните, средни и високи образовни институции.
  • Со милион евра може да се обезбеди нафта за сите основни, средни и високи образовни институции, за да не учат децата на –15 без греење.
  • Со милион евра може да се купат господ знае колку точаци за да се користат на постоечките 4 и да се отворат уште четири пати по толку нови пунктови низ Скопје; бензинот е изгор а воздухот во Скопје загаден до немајкаде
  • Со милион евра се гради фекална канализација, која што (да, да) се уште ја нема насекаде низ Скопјево, уште постојат септички јами (во Аеродром веќе не)
  • Со милион евра …

Абе многу работи може да се направат со милион евра. Може 200 невработени, облечени комплетно фолклорно да изиграваат ограда на мост. За некој денар плус ќе дозволат дури и кучиња да ги мочаат. А за вкупен хонорар од милион евра има по 8 саати на ден и да ви пеат чист македонски фолклор. Има Јовано Јованке, крај Вардарот седиш да се слуша од Галичник до Река…

Народе, недела од 12.00 е времето. Кој нема работа, нека дојде. Јас имам работа, нема да конкурирам да бидам дел од живата ограда, ама ќе дојдам да го поддржам настанов.

Бујрумте и вие.

CONVERSATION

2 comments:

Anonymous said...

Зошто не се повикаат вработените по рамковен да ја направат живата ограда? Тие и така земаат плата... И уште нешто ме интересира, ќе јадеме живи луѓе - жива ограда т.е. ограда од живи луѓе, некако преголема ми е случајноста.

V said...

1 милион евра исто така би можеле да се искористат во образование.

Правилно се пишува идеЈа. Идеа е минато време множина од глаголот иде.

Back
to top