Летечки Пекинезери ин да хаус

Со огромно задоволство, без никаква финансиска и медиумска корист од оваа промоција, под полна свест и здрав разум го објавувам овој блог пост.  Сакам да ве известам дека во петок ќе шизиме, ќе денсаме, ќе викаме wohoooo, ќе ракоплескаме, ќе бараме уште. Зошто се оригинални, зошто не се тезгароши, зошто песните им се нивни авторски дела, и зошто треба да поддржиме се што е наше а светско. 


 Самостоен концерт на Летечки Пекинезери во клуб Хавана

Скопје, 29.10.2012

На 09-ти ноември, во 21:30 часот, ќе се одржи вториот самостоен концерт на популарниот скопски џез квинтет Летечки Пекинезери, во клубот Хавана во Скопје.

Летечки Пекинезери (Бојан Петков-гитара и перкусии, Иво Солдатовиќ-кларинет, Кирил Туфекчиевски-контрабас, Славчо Коцев-тапани и Петар Христов-тенор саксофон) се македонски џез состав со единствена цел, да создава нова свинг музика. Нивната љубов кон свингот ги поттикнува да креираат уникатен звук кој претставува мешавина од свинг со други жанрови музика, на еден многу природен начин. Најголемото изненадување за нивните слушатели се оригиналните композиции кои имаат постојана тенденција да еволуираат на различни начини. Потеклото од Македонија, неминовно се чувствува во нивната музика, преку влијанието на балканските звуци.

Летечки Пекинезери, досега имаат продуцирано преку 30 авторски дела и издадено еден самостоен албум, за реномираната Skopje Jazz Festival Records.

Oвој џез-квинтет пред се' циркулира по ноќните клубови и фестивалите во земјава, а одвреме-навреме и на фестивалите надвор од Македонија. Во последниве две години тие бележат настапи и во: Словенија, Црна Гора, Албанија и Косово.

Концертот е во функција на промоција на нов неиздаден материјал на бендот, како и собирање на средства за мини турнеја низ Соединетите Американски Држави, проект поддржан од Министерството за Култура на Република Македонија, кој треба да се реализира кон крајот на годинава.

Цената на влезниците кои ќе се продаваат на самиот влез, изнесува 150 денари.

Со почит,
LPн

Лице за контакт: Бојан Кочовски 078/223309


А сега омилената. И да ми се нацрта симпатијата на еден стискавац под итно.

CONVERSATION

0 comments:

Back
to top