Заглавив поприлично викендов во град. До 6 и кусур насабајле, со поминати по 4-5 локали вечерта. Сонцето веќе силно светеше кога влегував во зграда. Се проколнував себе си што не сум зела наочари за сонце со мене (кој нормален лик зема со себе наочари за сонце кога излегува навечер во град?)
Се потсетив на старите добри скопски времиња. Кога кафичите и дискотеките немаа ограничување. Кога не го планиравме излегувањето.
(Фото: несфатениот уметник Чоте)
Знаете што? Може да ги исечете сите липи, да ги смените сите фасади и да излиете по еден споменик за секој битен и небитен што во минатото се декларирал како македонец и сите да ги ставите на плоштад, ама ова е наше Скопје. НАШЕ. Зошто Скопје не е липите, булеварите и фасадите. И да ги исечете сите дрва, мене мирисот на тие липи ќе ми остане врежан во главава. Пред некој ден шетав една Американка низ Скопје и кога ја прашав што најмногу и оставило впечаток од Скопје, таа рече: Мирисот. Излеговме од такси, и само што излеговме ми рече: Еве го мирисот! Го осеќаш? Тогаш за прв пат вистински ги помирисав липите. Може да ги смените фасадите на сите можни згради во Скопјево, но јас повторно ќе памтам во кои влезови сум се бацувала. Ова е НАШЕ Скопје.
Скопје е девојке у љетним хаљинама волим и фраери што ич не им е незгодно додека ги зјапаат.
Скопје е кафе шема.
Скопје е оговарачка шема.
Скопје е кафана шема.
Скопје е маалски баскет шема. Во лето на +42 кога ти гориш на сонцето чекајќи, а победничката тројка никако да изгуби.
Скопје е гледање фудбал пред зграда на 15 инчен телевизор со антена виљушка.
Скопје е барање на зарови што ти паднале од тераса во 3 сабајле.
Скопје е комшија што вечно реновира.
Скопје е секоја клупа на која што сме се бацувале и срамежливо погледнувале надоле кога комшиите поминувале покрај нас и се правеле дека не не знаат.
Скопје е маглата која што ги пореметува сите можни планови за патување во зима.
Скопје е старата чаршија. Многу пред таа да стане ин за вечерни излегувања. Кој купувал материјали за шиење на кило од Матекс знае.
Скопје е лела мандарините поскапеа, а ти уште си ми лута.
Скопје е Водно. Рекреативно, љубовџиско, швалерско и во последно време со жичарата по малку монденско.
Скопје го сакаме што и да му направите. Затоа аман заман, направете го тоа што сте го наумиле што побрзо и оставете не на раат да уживаме во него. И ако може, посадете некое дрво уз пат. По можност липа. Ако не ви е тешко…
13 comments:
Ок, Ваше Скопје. Be cool никој не ти го зема. Јас на пример најдов работа во родниот крај, наесен трчајќи бегам назад.
Браво за постот!
Ах пријателе Анонимус.. камо сите да се како тебе! Скопје... е НАШЕ! :)
аНОНИМЕН said...
Ок, Ваше Скопје. Be cool никој не ти го зема. Јас на пример најдов работа во родниот крај, наесен трчајќи бегам назад."
-Fala ti mnogu i se najbolje, da se site kako tebe aНОНИМЕН, Skopje ke procuti povtorno, a i da saka nekoj da go zeme, ne moze,Skopje bilo i ke bide a state of Mind , not just a city.. Best wishes to all
Da si go cuvate..
Ajde dosta se ligavite, na 30 i kusur godini ko srednoshkolki pred spomenar ste... fatete rabotete nesto
Ана врати се му требаш на Скопје!
Абе шо знам, ок е текстов, ама не дека допре до мене приказната што се обиде авторот да ја пренесе. Онака.... добар (3)
Не ни требаат текстови за да сфатиме дека Скопје е наше.Но добро што ти си се сетила дека е твое.Оној кој го чуствува својот град како љубовта кон својата мајка,сестра,брат нема потреба да ги докажува чуствата преку непотребни постови.Ти не си го сакаш градот,па затоа ти треба потсетување.
Текстов ти е без поента!
Батали ги мрчаторите, текстов ти е, супер! Само тие што не се скопјани не можат да те разберат. Јас сум постара од тебе и за мене Скопје е тоа што го напиша и плус други нешта..... Напротив, треба(ше) што повеќе текстови од скопјани за Скопје за спас на НАШЕТО Скопје. Не се бпревме дпвплно, Скопје, прости ми!
Јована во стилот на "Забрането за евреи и кучиња", се слагам твое е скопје, не ти го земаме. Не сум од скопје ма нити сакам да бидам. Сварно не ти ја разбирам себичноста. Имав поинакво мислење за тебе. Како и да е ти давам втора шанса, и баш ми е мило што прифаќаш негативни коментари.
До сите анонимуси - наше Скопје, не на тие што сме родени тука, туку и на доселените и привремените, и тие што не живеат во него. Наше - на сите!
Не знам како успеав да добијам волку негативни коментари, ова беше замислено пред се како љубовен пост, но добро.
Ве сакам јас, а ве сака и Скопје.
Не знам зошто сите се запаливте дека Јована прави некаква поделба чие е Скопје. Колку што можам да приметам во текстот никаде не се спомнува дека Скопје е на скопјаните. Ни меѓу редови, ни во иронија, ама баш никако... Само покажавте колку вие се гледате како дел од Скопје...
Се е ок али можда требало да го опишеш градот на пр. Скопје беше кафе шема, Скопје беше...итд. Се било така али некогаш. Инаку пази што пишуваш другпат има луѓе кои се алергични на самото изговарање на Зборот Скопје. Да си ги сакале своите градови колку што го мразат Скопје државава ќе беше далеку подобро место за живеење.
Post a Comment