Сакам да посочам на неколку моменти . Едните се за подразмислување, а другите за донесување заклучок.
Момент број 1: Изјавите на министерката Гордана Јанкулоска и премиерот Никола Груевски во врска со тоа дали Спасов бил на службена должност кога го убил Мартин Нешковски
Министерката Гордана Јанкулоска: Игор Спасов имал усна наредба да врши обезбедување на плоштадот до 24 часот (Извор: Алфа телевизија, клик тука)
Премиерот Никола Груевски: Игор Спасов не бил на должност кога го убил Мартин Нешковски (Извор: Канал5 телевизија, клик тука)
Хинт: Ако се уште не сте почнале да подразмислувате, убиството се случи во 00:40 часот.
Момент број 2: Портпаролот на МВР Иво Котевски и директорот на судска медицина Алексеј Дума даваат контрадикторни изјави во врска со запознаеноста на полицијата за случајот
Алексеј Дума: За време на обдукцијата (Понеделник, 06.06.2011) беа присутни претставници на МВР (Извор: Алфа телевизија, клик тука)
Иво Котевски: Таков настан воопшто не е пријавен во МВР (Понеделник, 06.06.2011) (Извор: А1 телевизија, клик тука)
Момент број 3: Контрадикторноста околу усмената наредба за вршење должност.
ЕСЗ „Тигар“, велат се активира исклучиво со писмена наредба за „вонредно обезбедување“ и исклучиво за тоа треба да има изготвено план за дејствување, поради задолжително хиерархиско потчинување и преземање на полициски активности. (Извор: А1 телевизија, клик тука)
Министерката Гордана Јанкуловска: Игор Спасов имал усна наредба да врши обезбедување на плоштадот до 24.00 часот. (Извор: Алфа телевизја, клик тука)
Момент број 4: Двајца му помогнале да го одвлечкаат телото кај Мепсо, од каде што викнале помош. Спасов си заминал кратко потоа. Кога дошла брзата помош, само констатирала смрт кај Мартин. Портпаролот на МВР 12 часа после убиствтото изјави дека таков случај во МВР не е пријавен. (извинете што немам извор овде, ова го имаше во неколку дневни весници и телевизии; прекумерното сурфање на интернет овие 4 дена ме доведе до тоа да не знам ни мејлот да си го отворам)
Хинт за размислување: Кои се тие двајца и зошто (доколку навистина случајот не бил пријавен во полиција, не сакам ни да помислам на варијантата дека портпаролот на нашето МВР во официјална изјава за медиумите свесно лаже)повеќе од пола ден не пријавиле убиство во МВР.
Не покажувам со прст на никого. Не донесувам заклучоци јавно. Ви презентирам факти. Заклучоците донесете ги сами.
2 comments:
Pa ubavo si zborat faktite, a i ubavo si gi posocil. Do 24 casot imal naredba da e na teren, vo 00:40 veke bil off duty.
Vo sudska medicina moralo da ima prisutni od MVR za da mozat, dokolku ima potreba da sprovedat istraga, poso e donesen kao da mu se slosilo. Dolgo vremese pravese muabet ko da se dva odvoeni incidenti. MVR nasle mrtov na plostad, ali nem prijava od ocevidci za ubistvoto. Tolku li e tesko da se procitaat faktite, ako veke taka gi zboris.
Anonymous, искочи од партискиот чмар, нели ти смрди многу?
Проблемот не е дали бил цивилка, џандар или Балтазар, проблемот е што државата се обидуваше 2 дена да го заташка случајот!
Post a Comment