Бесна сум. Многу сум бесна.
Лично јас, не барам расформирање на специјалните единици, и покрај тоа што знам каков е профилот на тие луѓе таму. Личен контакт со нив не сум имала, фала богу, и се надевам дека никогаш во животот нема ни да имам. А и Скопје е многу побезбедно откако се воведоа тие специјални единици (простете на мојата неинформираност за разликите, но мене алфи, тигри и желки ми е едно исто). Но таа збирштина од бивши криминалци мора да се доведе во ред и да има поголема контрола. Зошто волкот го менува крзното, но сојот не!
Бесна сум на медиумите. Се симнаа подоле од дното. Ве прашувам јавно: Каде ви е душата? Ќе го земам за репер објективниот весник Вечер. Тој пред два дена објави штура информација дека е најдено мртво момче пред зградата на Мепсо, кај кое што лекар првично не нашол траги на насилство. Судска медицина излезе со извештај дека момчето било претепано, со скршен нос и здробена лева страна од телото. Ве прашувам јавно како, како што самите велите и се фалите, објективен медиум, зошто не сакам ни да помислам на варијантата дека свесно во дневен весник публикувате лаги и дека тој дел од приказната ви е измислен: Кој е тој лекар кој што при здробено тело и скршен нос не увидел траги од насилство? Таков лекар не заслужува да има лиценца. Сигурно го знаете, а за објавување афери сте први, повелете објавете го со име и презиме лекарот кој што не констатирал траги од насилство, да се жигоса за цел живот.
Бесна сум што политички партии се пикаат таму каде што не им е местото. Ако сакаат да протестираат, нека повелат. Нека не се сликаат како пауни пред камери. Нека си стават прст на чело и нека размислат два пати. Не се работи овој пат за црква на сред плоштад, па ајде ќе се буниме, се работи за убиство на младо дете од страна на полицијата.
Бесна сум што 3 дена МВР не излезе со информација кои биле луѓето што биле заедно со убиецот. Тој не бил сам, викнал колеги, телефонирал, покривале тело со ќеса.... што ти ја знам. Заборава целата јавност дека самиот чин на прикривање на кривично дело е кривично дело!
Бесна сум што голем дел од младината штуро и немо гледа од страна, не заземајќи став од страв да не биде етикетирана. На Твитер вчера еден дечко кажа и дека многу негови другари не можеле да дојдат на протестот, заради тоа што нивните родители работеле во администрација (нели партиски поставени) и од партија им било наложено да си ги чуваат децата дома под клуч. Простете ми на јазиков, ќе си дозволам да бидам вулгарна, ама кој решил да пуши редно е и да голтне.
Но на крајот на краиштата горда сум. Горда, зошто сум дел од онлајн заедницата која придонесе за излегување на површина на вистината во врска со убиството на младиот Мартин. И некои ќе речат дека нема место за чувствување радост во овој момент. И се сложувам. Човек е убиен од официјално лице. Но да не бараа младите прогресивни умови на оваа држава одговор, вистината немаше да излезе на виделина. Никогаш. Ова го тврдам одговорно со сиот ум што го имам, зошто целата јавност е сведок дека им требаа нецели два дена да го објават убиството. А под притисок на јавноста, за неколку саати и да го решат.
Нема да мирувам, и нема да мирувам додека сите до еден кои што се одговорни за случајот - за неговото постоење како и за обидот за негово прикривање - нема да сносат одговорност.
-----------------------------------------------------------------------------------
Неколку часа по објавување на овој пост беше објавено дека полицаецот тепач ќе одговара за убиство. Според изворот:
Спасов, заедно со уште двајца колеги кои биле во близина, го однеле детето на паркингот пред МЕПСО, кога видел дека момчето не дава знаци на живот.
Потоа викнале Брза помош, Спасов си заминал од местото, а останатите полицајци останале да ја чекаат Брзата помош, која по пристигнувањето само констатирала смрт кај момчето.
Ќе потсетам само дека прикривање на кривично дело е кривично дело, и дека мора да се дознае кои биле тие двајца заедно со Спасов што не го пријавиле случајот!
2 comments:
A be kakva odgovornost...
i jas imam sin, nekoj na sin mi da mu go napravi toa shto go prezivealo toa dete, jas ke mu presudam, nema da cekam nekoj da go obvinuva, pa da go sudi, pa posle ke mu data 3 godini, ke izleze za godina kako primeren ubiec (toa e toj covek, UBIEC) i taka natamu...
Jas ke mu presudam
Види, од анархија никој аир не видел, дури ни анархистите. Ако му пресудиш ти, стануваш како нив. Ние се бориме за правда, за функционални институции кои ќе се во служба на народот. Не го заборавај тоа!
Post a Comment