Улогата на онлајн медиумите во случајот со Мартин Нешковски


Изминативе неколку дена сум фасцинирана, многу горда и тажна во исто време од општествените движења кои што се случуваат во мојата мила татковина, а во која што за жал јас не сум во моментов. Сведок сум на една мирна онлајн револуција на млади умови кои што и покрај недостатокот на информации и купот шпекулации кои што кружеа во понеделникот, одбија да останат неинформирани. Одбија да останат неинформирани, се самоорганизираа, буквално самоорганизираа, и допринесоа вистината да излезе на виделина.

Како се самоорганизираше таа онлајн заедница и како придонесоа поедини индивидуалци? (сигурно има и повеќе, јас ова успеав да го соберам како материјал)


Откако сите станаа свесни дека нешто е матно @ribaro направи специјален блог http://justiceformartin.blogspot.com/ во кој што рачно вметнуваше објавени текстови од македонски блогери во врска со смртта на Мартин Нешковски. Одозгора на се на твитер изјави дека мајка му ја давала целата нејзина поддршка на младите на протестот и се карала по комшики. Сакам во оваа прилика да и упатам искрен срдечен твитерџиски поздрав на мајка ти!


@necoski i @banekoma во заедничка онлајн колаборација изработија постер за повик на протест. Постерот е објавен на блогот на @necovsi http://aerodromskison.blogspot.com


@mkrobot самоиницијативно направи истражување и објави збир на слични вакви случаи, хронолошки сортирани, од 2006 до денес. Листата е објаввена на: http://www.time.mk/info/brutalnost


@stariot објави слика во која што јасно се гледа дека ова е самоорганизирање, дури и кога станува збор за собирање пари за батерии, мегафони и слично. Сликата е објавена на: http://twitpic.com/58domv


@Vnukot објави одлични репортажи од протестите на неговиот блог http://babamitrajanka.blogspot.com/ и објави видео, кое што беше објавено дури и во угледниот WashingtonPost. Додека цела Македонија не знаеше дека има протести или не знаеше зошто се протестира, веста ја објави многу угледен странски медиум.


@kuzevski со мобилен телефон 46 минути (!!!) вршеше стрим во живо од протестите пред собрание. Благодарение на ова, јас буквално се чувствував како да сум таму. Линк до стримот: http://bambuser.com/channel/kuzevski/broadcast/1724323

@davcevski направи фоторепортажа каква што немаше направено ниеден фотограф од ниеден медиум. http://www.flickr.com/photos/skopje-protests/ 


На @radiomof во Средата одеше одлична емисија за тоа како млади, наивни и неискусни млади луѓе ги претркаа традиционалните медиуми благодарение на новите технологии. Подкастот може да го слушнете на следниов линк: http://komunikacii.net/06/09/podcast-11/


На блогот http://novica.softver.org.mk/ (не знам кој твитер корисник е авторот, нека се пријави ако сака, ќе вметнам) авторот самоиницијатино пишува темплејт писмо, го печати во голем број примероци и ги повикува сите кои што се во можност да дојдат таму и таму во толку и толку часот да си земат копија, за да ја испратат по пошта до релевантни фактори, институции, партии, поединци... Авторот дури и објави слика од него, за да знаат луѓето да го препознаат, а откако луѓето (според него 30-ина на број, од кои шо мал дел познавал) се појавија, публикуваше и слики како доказ. За да им се разбие сомнежот на оние скептиците дека самоорганизација не функционира.


@bvelkovska, новинарка во Нова Македонија објави текст за оваа заедница од млади луѓе, кој што јас ќе го испечатам, урамам и закачам на ѕид да ми служи за инспирација секој пат кога ќе ми се вртат црни мисли во глава дека нема надеж. Текстот носи наслов “Децата на цвеќето”.


Ако сум пропуштила некој простете. Јас со ниеден од овие луѓе не се знам лично, но чувствувам како да ги знам цел живот. Зошто по убедување, ставови и акции комплетно соодветстуваат на моите.


На крајот, еве и мој мал придонес, збир од линкови до странски медиуми, каде е објавена веста за Мартин Нешковски. Секако, заслугата за објавувањата не е моја, тоа се еден куп интернетџии кои што константно известуваа редакции, праќаа мејлови,кликаа upvote и слични активности за да се крене онлајн рејтингот на веста.


WashingtonPost: Hundreds protest Macedonian beating death
Бугарија: 22-годишен младеж е починал след като бил пребит от полицаи в центъра на Скопие
Грција:
Σκόπια: Διαδηλώσεις ενάντια στην αστυνομική βία με αφορμή το θάνατο νεαρού
Србија: Skoplje: Mladića na smrt prebio specijalac
Хрватска: MUP dva dana skrivao ubojstvo: Makedonci traze pravdu
Русија: Выборы в Македонии не обошлись без жертв (линкот ми е малку сомнителен поради 4С симболите, но на руски е објавена веста)
Полска: Macedonia: Protesty po zabiciu przez policję 23-letniego mężczyzny
CNN: Protests against Police Brutality in Macedonia
Пакистан: Macedonia: Protests Against Police Brutality to Continue
Италија: continue proteste contro la brutalità della polizia: Macedonia
Франција: Macédoine : Mobilisation des internautes contre la dissimulation d'un meurtre par la police
Словенија: Policisti ščitili kolega morilca?
Романија: Un tanar ucis 'cel mai probabil' de politie la un miting electoral din Macedonia
Португалија: Macedónia: Continuando protestos contra a brutalidade policial


Не сум горда што во странски медиуми се објавуваат вакви вести за мојата држава. Горда сум на нас, што спречивме случајот да се заташка и што полека но сигурно ја изборуваме правдата. Двигател на секое општество е неговата младина. Таа е тука за да ги поправи политичарите кога грешат. Зошто човечки е да се греши, а и човек со моќ во раце не се однесува исто како кога ја немал моќта. Да ги потсети дека низ историјата светот бил придвижуван од идеали, а не од пари. Некои погрешни, некои конзервативни, некои прогресивни. Ако идеалите ни се грешни, нашите потомци ќе учат од нашите грешки. Ако ни се конзервативни, нема да бидат прифатени од модерното општество. Ако ни се прогресивни, нашите потомци нема да мораат да се борат за да ги остваруваат своите идеали. Јас типувам на третото. Вие?

CONVERSATION

1 comments:

Anonymous said...

Јoвана,

Честитки за упорноста и инцијативата. Ова е само доказ дека здравиот ум може да создаде здрава основа за поубава иднина.

Би сакал да додама уште нешто-

Постои еден форум, помалку познат во твитсветот но информираше и продолжѓува со истото темпо. Тоа е форумот Воденица ( http://macedonians.tv/showthread.php?t=4566) кој вистината ја пренесув на една малку поинкава група интернет корисници а сепак важна.

Јас во мое име и се заблагодарувам на Воденица -

Keep up the good work. I am proud on you!!!

Back
to top