Реакцијата на претседателот на РМ по повод случајот со Мартин Нешковски

6 дена откако Мартин Нешковски беше убиен, претседателот на Република Македонија конечно излезе во јавноста и даде изјава. Еве ја неговата изјава:

„Тоа е за осуда навистина, сето она што се случи, институциите ја добија пораката што им ја упатија граѓаните. Тие постапуваат согласно како што спомнав нивните овластувања и да се надеваме, дека се ќе биде како што е согласно од сите акти на државата согласно законот. “ (Извор: А1Телевизија)

Прв пат кога ја прочитав реакцијата негова, не знаев што да помислам. Не побуди ова кај мене ни негирање, ни одобрување, ни смеа, ни револт… ништо! Си реков ај пак да прочитам. И прочитав:

„Тоа е за осуда навистина, сето она што се случи, институциите ја добија пораката што им ја упатија граѓаните.”

И тука застанав. Институциите ја добија пораката што им ја упатија граѓаните. Дали со ова претседателот сака да каже: Да, ве разбравме што сакате, некој навистина мора да сноси одговорност? Или сака да каже: Ок, протестиравте што протестиравте, сега доста е, оставете не на раат да си ја вршиме работата? Или нешто трето? Стварно не ми е јасно…

CONVERSATION

2 comments:

Развигор said...

Може и линк до изјавата?

Јована Тозија said...

Додаден е линкот

Back
to top