Музичари што оставаат без здив

Неколу Јутјуб видеа што буквално оставаат без здив, решив да ги споделам со вас. Уживајте! Life’s good.

 

Moonlight sonata на Бетовен на гитара, фламенго стил. Фантастично

 

Ова ме остави без зборови, со вилицата до земја, буквално. Колку радо би отишла на некој ваков перформанс….

 

Дечкиве се бивши металци, кои што се преориентирале на фламенго. Ваква преработка на песнава немате чуено до сега.

 

И уште еднаш Родриго и Габриела, ама заслужуваат. Преработкава те тера сам дома шутка да си направиш, и ич да не ти е гајле што само две акустични гитари свират. Риспек!

 

Девојкава е по професија професионален пијанист, и ги движи прстите толку брзо што не и веруваат дека видеата се оригинални, туку дека ги забрзувала. Во поновите видеа вметнува и дигитален/аналоген часовник за докаже дека не е така. Како и да е, сте се шуткале некогаш на клавир? Јас да!

 

Типов свири се во едно: И бас, и ритам, и мелодија… Се расплакав кога го слушнав ова првиот пат. Перфекција by the book!

 

Сите го знаете Шунга Јунг, тоа малото кореанче што растура на гитара. Епа овој му е нешто како тутор. Да е само аудио, ќе си помислите дека свират 3 гитари.

 

And save the best for last. Моето омилено соло на сите времиња, отсвирено на клавир… ова ти дава крила. За оние кои не ја знаат песната, задолжително домашно.

CONVERSATION

0 comments:

Back
to top