Beyond science

Недела, ден за бањање. Јас се избањав вчера, така до наредниот викенд на тоа чаре нема да му го берам гајлето. Затоа решив денес да зачистам други работи. Го усисав прво десктопот, па лаптопот, и на крај решив да го преуредам шкафот. Таман да почнам да диплам, ми забоде око еден поглед што од многу одамна ме нервира: Еден куп неспарени чорапи. Упорно ги чувам во шкаф надевајќи се дека еден ден нивната поубава половина однекаде магично ќе се појави, и повторно ќе бидат пар. Денес сфатив дека е време да направам чекор напред. И прљави и чисти, све што беше непар го пикнав во ќеса, се опростив од нив и ги фрлив во кантата со Restmüll (ѓубре што не спаѓа во категорија биолошко ѓубре, пластика, хартија или шишиња… да знам, оток се со разделувањево на ѓубре, ама па што да се прави, кад се мора мора се).

И до поентата на приказнава: Пуштам прееска машина, саат и кусур после тоа пружам веш, и….. ПАК ЧОРАПИТЕ РАСПАР! Е кога ќе успее некој да ми го објасни овој надчовечки феномен, ќе ја голтнам квантната физика ко харибо бомбона. Има дур да кажеш Гармишпартенкирхен да ти ја изрецитирам Планкова константа.

До тогаш Тесла, Ајнштајн и компанија се слободни.

CONVERSATION

0 comments:

Back
to top