Се мислам веќе два дена дали да му опалам едно писмо на Филе, да бидам во тренд и јас, ама некако ме мрзеше. Ама оној Аеродромскион му пишал така добро писмо, па ме инспирираше и мене да го сторам истото. Башка некое си Здружение на Блогери (за кое што не ни знаев дека воопшто постои) го направилo истото, па јас како активна блогерка си реков, ајде да не останам покуса. Иако постов се вика писмо до Филе, не се однесува само на господинот Филе. Ако успеат да го преведат и разберат постов, и многу други ќе се најдат повикани.
Како прво името Филе не ми се допаѓа. Ќе ве викам Драпајсимеот. Јазикот на кој што зборувате ќе го наречам Лајнарски. Е така.
Почитуван господине Драпајсимеот, ние овде си го драпаме меот веќе 20 години, независни и слободни. Претходно и федеративно драпавме мев, а пред тоа дооооолги години драпавме окупаторски мевови. Магистри сме на тоа поле. Драпаме меот, не се буниме многу многу, и уво ни чуе. Си го драпаме така меот од јутра до сутра и од време на време ќе ја кренеме главата, ќе осознаваме што се случува околу нас, ќе ја спуштиме главата и ќе продолжиме со драпање на меот. Е арно ама во последно време ние се почесто ја креваме главата и се почесто осознаваме што се случува околу нас. А колку посвесен си, толку повеќе одбиваш да ја наведнеш повторно главата. Макар ризикувал таа да биде пресечена.
Јас разбирам дека светот не го вртат идеали, туку пари. Разбирам дека одлуките за светскиот поредок не се одлуки донесени со демократско гласање каде што секоја земја има право на глас, туку се одлуки носени од големите светски сили.Разбирам и дека кај што има сила нема правдина. Ама никако, ама баш никако не можам да разберам како може една земја на која што ѝ се потребни 400 и кусур милијарди (!) Евра парична помош за да преживее да ве држи за јајца и да ја диригира целата надворешна политика на Европската Унија во однос на една педа земја што се наоѓа на Балканот. Никако не можам да разберам како може просјак да е во улога на поставувач на услови. Тоа е против сите закони на природата, против сите социјални, општествени и логички закони. Оној кој нема моќ, не ги поставува условите. Тотална антилогика човече!
Дали вие сте воопшто свесни колку е сето ова АПСУРДНО? Не, сериозно? Дали имате и најмалку појма колку есето ова АПСУРДНО? Вие сега сигурно му се смеете на називот Драпајсимеот. Но да почне цел свет да ве вика така, ќе почнете и вие апсурдна битка да му докажете на светот дека се викате Филе, и дека не зборувате на Лајнарски, туку на Чешки. А за вашите пријатели, роднини и комшии ќе останете Филе. И ќе зборувате на Чешки. И јас светов да го превртам нема да успеам да ги разубедам. Тие пак ќе ве викаат Филе, и вие пак ќе зборувате на Чешки. Зошто се обидувате да ни госторите тоа нам, кога знаете дека нема да ви успее?
П.С. Оставете политика, што би рекол нашиот ценет Кили, тоа е сељачка професија. Почнете да си го драпате меот. Не сте свесни колку е добро. Светска работа.
6 comments:
Не дозволувајте владата да ве манипулира! Македонски беше избришано и во претходниот извештај само што тогаш Грујо најде нешто позитивно во него и иако опозицијата реагираше си го преќути. Самото бришење започна уште пред 4-5 години во истата ЕУ. И тогаш опзицијата реагираше но Владата, не знаејќи како се води надворешна политика, се правдаше дека е грешка и прати протестна нота. Уште не знаат како се води политика а ова со македонски само го искоритија за целосен атак на ЕУ. Морам да признаам добар спин - се бавиме со писма а не со тоа што го има во извештајот.
А што има извини друже ние да се бавиме со тоа што има во извештајот? Ние кои тоа ние? Јавноста? Блогерите? Берберот кај мене у маало? Да дискутираме за фискалните реформи и рамен данок? Мислам дај бе извадете се од филмот политика опуштете се малку и да си за СДСМ ќе ви дое време, еве и на народ му е преку глаа, па може ќе смени. Само не лупетајте глупости ќе дискутираме ја и ти на блог за извештајот и реформите во Р. Македонија од аспект на ЕвроАтлантските интеграции МАЈ ЕС. Ајде поздрав и не се бави толку сериозно со извештајот малку опуштање и лабаво...
Точно, не треба да се бавиме со извештајот но проблемот е што го правиме тоа. Политиката треба да се остави на политичарите - не случајно така се викаат ;). Него идејата е дека стоиме македонски во некои документи на ЕУ пред 2009-та, па во извештајот од 2009-та, извештајот во 2010 и тогаш не се пишуваа писма. Е сега откако Груевски го искара Филе, се почна антикампања против ЕУ и оп сите се заинтерисираа (и тие што треба и тие што не треба)зошто македонски го нема во извештајот. Па фатија ФФМ, КФМ, здружение на блогери и самите блогери да пишуваат писма. Можеби пишувањето писма не е бавење со политика, можеби случајно се погоди одеднаш на сите да им текне за македонски... Проблемот е што јас верувам дека не е случајно и велам дека треба да пробаме да ги согледаме работите од малку поширока перспектива. Прст на чело пред да изнесеш јавен став затоа што несакајќи можеш да станеш продолжена рака на нечија пропаганда.
Точно, не треба да се бавиме со извештајот но проблемот е што го правиме тоа. Политиката треба да се остави на политичарите - не случајно така се викаат ;). Него идејата е дека НЕ стоиме македонски во некои документи на ЕУ пред 2009-та, па во извештајот од 2009-та, извештајот во 2010 и тогаш не се пишуваа писма. Е сега откако Груевски го искара Филе, се почна антикампања против ЕУ и оп сите се заинтерисираа (и тие што треба и тие што не треба)зошто македонски го нема во извештајот. Па фатија ФФМ, КФМ, здружение на блогери и самите блогери да пишуваат писма. Можеби пишувањето писма не е бавење со политика, можеби случајно се погоди одеднаш на сите да им текне за македонски... Проблемот е што јас верувам дека не е случајно и велам дека треба да пробаме да ги согледаме работите од малку поширока перспектива. Прст на чело пред да изнесеш јавен став затоа што несакајќи можеш да станеш продолжена рака на нечија пропаганда.
Velish: "....Никако не можам да разберам како може просјак да е во улога на поставувач на услови. Тоа е против сите закони на природата, против сите социјални, општествени и логички закони. Оној кој нема моќ, не ги поставува условите. Тотална антилогика човече!" Epa, dali sfakjash sega shto e EU? I zoahto treba naglavachke da vlezeme tamu, vo taa ladovina? Zatoa shto, shto i da napravish, kakov i da si, ako si chlen vo toj klub, kon tebe ke se odnesuvaat RAMNOPRAVNO i ke ti priskochat na pomosh koga i da ti zatreba!!!!!
Prviot komentator veli: "А што има извини друже ние да се бавиме со тоа што има во извештајот? Ние кои тоа ние? Јавноста? Блогерите? Берберот кај мене у маало?..." Pa koj da se bavi so izveshtajot? Za kogo se odnesuva izveshtajot: za Vladata, sasma po sebe ili za nas, za nashiot sekojdneven zhivot? ili da ne e izveshtajot za lanskiot sneg, pa bash ni' e gajle? Ako e izveshtajot za mene, jas kje go chitam i jas kje go tumacham. Nema da chekam da mi kazhe nekoj drug kako da go sfatam i nema da si go drapam meot tuku kje ja krenam glavata i kje gi prasham tie Gore, odgovornite: a, zoshto izveshtajot e vakov losh? Koga dojdovte na vlast ni' vetivte deka ke ni' ovozmozhite podobar zhivot???!!!! Shto e sega ova?
Post a Comment