Безусловно

Кога ќе затворам очи и потонам во сон, јас се уште ќе те сакам.

Кога ќе ме разбуди комшија со бормашина, јас се уште ќе те сакам.

Кога улиците ќе пожолтат од паднати лисја, јас се уште ќе те сакам.

Кога ќе ги извадам капутите од под кревет, јас се уште ќе те сакам.

Кога снегот ќе го изненади мојот град, јас се уште да те сакам.

Кога сонцето што гризе ќе ме легне болна, јас се уште ќе те сакам.

Кога ќе почне да се продава млад кромид на пазар, јас се уште ќе те сакам.

Кога пролетерски ќе ја распалам скарата и на тој начин ќе му покажам на светот дека и јас се залагам за работничките права, јас се уште ќе те сакам.

Кога охридска цреша ќе се стопи во мојата уста, јас се уште ќе те сакам.

Кога ќе се мачкам со фактор 36 за до продавница, јас се уште ќе те сакам.

Кога ќе помине вечноста, јас се уште ќе те сакам.

И кога сите епизоди на Кога лисјата паѓаат ќе поминат, јас се уште ќе те сакам.

И кога 10 дена нема да се избричиш, јас ќе продолжам да те сакам.

И кога ќе ми речеш дека не ме сакаш повеќе… јас… и понатаму ќе те сакам.

CONVERSATION

1 comments:

Nada said...

Damn! Братучед ме разнежни:) Успут, одличен ти е новиот пост...

Back
to top