За мене
Кој не ме знае, еве сум
Неколку рандом факти за мене
Неколку рандом факти за мене
- #НаТочак
- Гласна сум, гласно зборувам и ќе се сметам себе си за реализирана особа кога ќе успеам да ги ставам гласните жици под контрола
- Не додавам луѓе на ФБ ако не се знам лично со нив. (Има исклучоци, но ова важи во 99% од случаите) На другите социјални мрежи стојам на располагање.
- Обожавам накит ала Касандра
- Навивам за Надал
- Одбивам да имам било што со луѓе што имаат жолто во ушите и црно под ноктите
- Убедена сум дека имам ѓупски гени
- Потајно навивам во себе да има ријунион на Dire Straits и Led Zeppelin
- Да имам моќ, турбофолкот ќе го забранам со закон. На кој не му паше - Австралија.
- Од мирисот на варено јајце добивам инстант нагон за повраќање
- Проколната сум со комшии што имаат нагон за реновирање
- Сабина од Амазон ТВ ми е муза и непресушен извор на инспирација
- Го обожавам Гугл, ги користам и ќе ги користам сите негови можни сервиси додека не се појави нешто подобро
- Од глувци се плашам бетер слон
- На свадби играм оро додека не ми откажат нозете
- Омилено благо ми е тулумба... уствари се што е попарено
- Колекционер на пивски чаши, гордо крадени по пабовите низ светов
- Еден од најсреќните моменти во мојот живот беше кога положив Физика 2
- Не го разбирам концептот на растење/опаѓање на акции на берза
- Името не го давам. И не, не сум цинична.
CONVERSATION