За блогот

Овој блог се роди за време на моите постдипломски студии во Германија. Требаше на еден куп луѓе да прераскажувам исти случки, што по некое време ми стана напорно. Затоа решив да блогирам. И првично сите постови беа претежно на тема - Германија, мулти-култи занимливости, интеркултурни клишеа, згоди и незгоди и справување со истите.

Но со тек на време блогов стана место каде што јас редовно ја празнев мојата како позитивна така и негативна енергија на теми кои што не се стриктно поврзани со Германија. Почнав да пишувам за се и сешто. Затоа и името на блогов - Кокошарник.

На кратко, збирштина од случки, згоди, незгоди и субјективни и објективни ставови во врска со општествени срања. Од време на време, и препораки за новооткриени музичари, уметници, разни таленти и слични појави што позитивно влијаат на секојдневното сиво расположение.

CONVERSATION

Back
to top