Таксират 15


Сонувам за распродадени концерти и фестивали во Македонија. Сонувам за празни кафани, и редови пред театар. Сонувам за откажан концерт на Аца Лукас поради слаб интерес. Сонувам за голем летен фестивал на кој што ќе доаѓаат луѓе од цел Балкан. Сонувам за концерти чии карти се пуштаат во оптег 6 месеци пред концертот. Сонувам за концерти каде публиката на глас ќе ги пее сите песни, а не само хитовите. Сонувам за полемики дали новиот албум на домашниот бенд е подобар од претходниот. Сонувам за светски турнеи на наши бендови што ќе кулминираат со преполн скопски концерт. Сонувам концерт од калибар полн стадион бар еднаш месечно.


Но додека овие соништа не ми се остварат, јас ќе продолжам да им се радувам на помалите концерти и фестивали во мојот град. Колку и да доаѓа некој по 15-ти пат. Тоа се една од малкуте урбани светли точки што останаа во Скопје.

Да бидеме реални, нема годинава некој WOW лајнап. Има супер бендови, но нема супер мега ѕвезда. Има бендови што навистина вреди да се видат и чујат, некои за прв пат овде, некои прв пат во последново тромосечие.

Се гледаме на таксират. Смрт за турбофолкот, слобода за народот!  


CONVERSATION

0 comments:

Back
to top