#Наточак низ Македонија vol.1 - Тур де источна Македонија

Се погодија празниците, се погодија и луѓето, се собравме 8 души и се здадовме со точаците да свртиме кругче низ источна Македонија.

Ден 1.

Мало доцнење од пола саат од моја страна, бидејќи претходната вечер заглавив со Зоц (Зоц фала пивската кригла од Малта). Ранте го нема, недостапен на телефон. Не знаеме што да правиме, дали да тргаме, дали да го чекаме. На крај некако го добивме. Се испостави дека Ранте немал живци да не чека, па тргнал сам. Ќе не чекал во Горно Коњари. Тргнавме. Два саати спиена, после првите 3 километри веќе бев уморна и дехидрирана. Нема откажување.

Патот си беше рамен

се дур не стигнавме до Сушица. А таму малер број 1 - на Аце му се дупна гума.


Опаката угорница на плус милион степени ја избуткавме заедно до горе дури другите не чекаа. По некое време стигна таксито и го натовари Аце и точакот негов. Ќе пукнеше од мака што не може да довози до Св. Николе. А осмехов ви кажува и зошто. Не чекаа 5 километри страшна удолница.


Во Св. Николе, откако го поправивме точакот на Аце беше пробана првата пастрмајлија, многу салати и по некоја ракија, по што следуваше чилање во локалниот парк. Дури локалците дотерани излегуваа на корзо, ние подзамирисани во тренерки лежевме на трева под дрва.


Се наканивме некако да станеме.

Накај Штип десно од нас грмотевици, лево земја и воздух се спојуваат, позади нас молњи, пред нас мокро. А над нас ведро небо. Седнавме во Штип да одмориме. Таму ни се приклучи Дени. Не молеше да му дадеме да сврти кругче со некој од точаците, и заради проклетите предрасуди што ги имаме, на почетокот не сакавме. Се уште се чувствувам лошо поради тоа. После Дени сврте круг со мојот точак. Не можам да ви опишам колку беше среќен. Братучед му му го исекол ланецот на неговиот точак, бидејќи не му давал да го вози :(


Тгрнавме накај Кежовица. Лево од нас гробишта, во далечината молњи, жива темница. Одеднаш зграда. - Добар ден, дали е ова бањата Кежовица? - Не дечко, ова е кланица. Колку што беше смешно толку беше и морбидно. Се вративме километар назад и конечно сигнавме до целта - нашето прво преноќиште.

А таму утредента станувам и ги наоѓам другиве во зен состојба, тазе излезени од бања, се сончаат на сеуште не јакото сонце.


Ден 2.

Следна дестинација - Кратово. Градот кој што за жал е познат само по Ѕинго, а има да понуди многу повеќе.

На 10 километри од Пробиштип, малер број 2 - на Ѕуљо му се дупна гума.


Седнавме да одмориме во Пробиштип. Irish Pub, со некое глупо техно. Се најадовме се напивме. - Уште колку километри до Кратово? - 15, ама последните 7 километри ви се скоро вертикални. Ладна пот ме облеа. Педлај, педлај, педлај по угорниците, си викам ако ова не го ни напомена типот, кој знае како изгледаат последните 7 километри.

По угорницата накај Кратово малер број 3 - на Борис му се дупна гума.


Продолжив нагоре сама додека тие менуваа гума, дека најспора. Ме збрка едно куче. Си викам, ако касаш касај - ја да бегам по угорнициве сила немам. Среќа само се силеше. Стигнавме до едно село пред Шлегово. Две коли, едната со скината сајла, ја влече втората. Во глава одма почна да ми се мотаат комбинации, како да ме дошлепаат и мене. Прашувам локалци уште колку до Кратово, и ми викаат угорницата е само до крајот на селото. Им реков дека не е убаво така да лажат возрасни луѓе и продолжив да возам. И кога - од крајот на селото до Кратово стварно удолница. ПОСЛЕДНИТЕ 7 КИЛОМЕТРИ БИЛЕ УДОЛНИЦА, А НЕ УГОРНИЦА!!

Адреналин 100, возбуда до таван, кога стигнав во Кратово ми идеше да извадам сабја од ранец и да почнам да се дерам: Во името на моќта на сивиот череп - Јааааааааас суууууууум моќееееееен!

Не пречека домаќинот Стево со лепиња и домашна кцана сол и одма почна да раскажува за Кратово, а мене ушиве не ми слушаат, се уште превозбудена дека екшуали сум извозела до кратово! Излеговме на Кратовски велигден, се искцавме со вапцани јајца, се вративме дома и легнавме да спиеме. Уште долго не можев да заспијам, адреналинот ме држеше до долго во ноќта.

Ден 3.

Сабајлето резервирано за прошетка низ Кратово. Како што кажав, град кој за жал сите го знаат само по Ѕинго, а има да понуди многу повеќе. A во Кратово толку бевме егзотични, што дојде репортер од Сител и не снимаше. Јес бејби, дека 8 будали на точаци се скренале да свртат 300 километри за 4 дена идеше на телевизија, на главни вести. Шо да ви кажам...

Тргаме накај Крива Паланка. Бидејќи ни беше само 3 километри скршнување од патот, наминавме и до Куклици, некои од луѓето го немаа видено локалитетот.

Почилавме малку на летниковецот


а откако им ја раскажав легендата за куклите (невеста, зет, свекрва, скаменување и сл.) решивме да свртиме едно оро околу зетот и невестата и да го фрлиме бидермаерот


По пат падна и бањање во Крива Река.


Стигнавме околу 7 вечерта во Крива Паланка.


Не издржа јуначко срце да довози до горе до Св. Јоаким Осоговски. Аце и ја паднати борци, си ги избуткавме точаците 3 километри до горе, другиве извозеа. Во Крива Паланка ни се приклучи некој си Јане, не знам како ни се убаци, нити како тргна со нас, ама на крај испадна да седи горе во конаците со нас на маса. Го нагостивме, го најадовме, го напивме - кутриот социјален случај, со 3000 месечно крај со крај врзувал, жена му го оставила за комшијата и му ги оставила 2-те деца. Мил ми беше Јане се до моментот кога ми напомена дека тука горе по патот доаѓале љубовници со коли. Нешто како Скопско Водно. И он често доаѓал да ги гледа, ама не можел многу да види, бидејќи стално љубовниците седеле во колите со угасени светла. Say what!? Ми стана морничаво. А Јане по кратки ракави и папучи, гол бос, нејќе да чуе за одење дома. Моравме да се разотидеме по соби, за и Јане да си отиде дома.

Ден 4.

Време да кинисаме лека полека накај дома. Го изгустиравме манастирскиот качамак


и откако сфативме дека ова е малку за 8 луѓе, си нарачавме уште кој по еден омлет, кој по парче пита... мораше добро да се најадеме, 100 км пат не чекаа.


Се изштракавме со природните убавини на нашата држава и кажавме зборум на манастирот.



Попатно застанавме кај пријатели на Ранте, луѓе кои што продале се живо што имаат во Скопје и си се отселиле на село, купиле една куќа на едно брди и одгледуваат овци, коњи и сл.


И се е тоа супер, само мене не ми кажаа претходно дека ќе треба да ја искачиме Солунска Глава за да стигнеме до местово. 300 мајки и 300 шајки опцув по угорниците. Повторно се разбира по најжешкото. А таму го јадевме најубавото домашно кисело млеко. После угорниците по најжешкото, ко сладолед ни дојде. Остана Ранте да преспие кај своите пријатели, а останатите се упативме накај Скопје.

И тука беше крајот на нашата добра карма во однос на временските прилики. Само што излеговме почна да врне. Почнаа да паѓаат капки големи колку тенџериња. И кога велам временски неприлики, мислам на временски неприлики од типот печурка


Лизгаво по удолниците, кочници не држат, гуми се лизгаат, а тоа дождот боли кога те мава. Нејсе, сме се фатиле на орото, ќе го играме до крај. Долж целиот пат, ние кидни му на дождот - тој стасај не, ние кидни му, тој стасај не.

Горан, далеку пред нас фатил веќе автобус за Скопје од Куманово, Борис организираше да го
земат од Куманово со кола, а Аце и јас откако не изшамара возачот на автобус, се упативме накај железничка и во последен момент го фативме последниот воз за Скопје. Натоваривме точаците на возот, земавме здив, и тажно воздивнавме што не успеавме да ги извозиме последните 40 километри. Останатите 3-ца најхрабри запалија точаците по автопат (MVR likes this).

Стигнавме сите во Скопје пресреќни, преморени и преполни со позитивна енергија и со мисли во главата за веќе кога и каде може да се организира следната тура.






CONVERSATION

7 comments:

darko said...

Едно големо браво за тебе и за сите вас... една мала забелешка, многу бе педерски тоа двоењето на крај подождот :)))

Ljuben Sara said...

Браво за сите вас!
Читам и ми навираат сеќавања за „Со велосипед низ Македонија“!
УБАЈНА!
Уште едно големо БРАВО!

Goce1 said...

Bravo Jovana, bravo!!!

Publishermkd said...

Шта речи... Браво за подвигов. Секоја чест!

Anonymous said...

EEE bravo...koga bi mozel jas da go nateram drustvoto na ova...inace ne mi se svigja toa na kraj sto ste se ispedercile site

Unknown said...

Bravo! Sekoja cest za ideata i avanturistickiot duh ;)
Znaci sekogas uzivam da gi citam tvoite blogovi! :)

Anonymous said...

Ne znam samo so koj pamet bez pribor za lepenje gumi ste se zakrenale :)

Back
to top