Македонските “новинари”

Ви текнува ли на 16 Октомври 2007 година? Тоа беше еден обичен работен ден кој што го пречекавме со шокантна вест – Тоше загинал во сообраќајка. Јас искрено не бев некој негов голем фан. Имав огромна почит према човекот, но вистински фан не бев. Немав негови албуми, не одев на концерти, не се тепав да се сликам со него, не кубев коси… и слично. Но дента кога дознав за неговата смрт и трите наредни дена после тоа не можев да си ги исконтролирам течностите што се лачеа од моите очи – крокодилски солзи ронев. Беа тоа денови кога македонскиот народ беше обединет како никогаш до тогаш, за жал поради една многу тажна вест.

Имаше кратко после тоа, додека телото негово се уште не беше оладено, емисија Црни Бисери посветена на Тоше, каде што беа викнати еден куп новинари. Меѓу нив беше и новинарот Зоран Божиновски. И додека цела Македонија се уште беше во тага, тој тогаш со сиот памет излезе и почна да зборува за притаени даноци, испрани пари од страна на менаџерката на Тоше и што уште не. Што, дали и колку од сето тоа е вистина не знам, но знам дека времето и местото за такви обвинувања беа тотално несоодветни. Моето мислење го делеше и остатокот од Македонија, бидејќи колку што ме служи меморијата добро, тогаш за малку на клоци ќе го отераа од студио.

Мала кратка увертира беше ова за тие што не знаете кој е човекот. Веројатно сте чуле и за порталот www.burevesnik.info Тоа е негов портал, каде што тој објавува цело време некои инсајдерски информации, кои што според мене, за да ги поседуваш треба или да си криминалец од калибарот на оние за кои што пишуваш или да имаш многу бујна фантазија. Обичен смртник, како мене на пример, до такви информации не може да дојде.

Објави господинот Божиновски слика на Фејсбук вчера, од кобната вечер кога Мартин Нешкоски беше убиен. Тврди дека Урко му дал наредба на Игор Спасов да го убие Мартин. Молим лепо на тие што не ми верувате, ево принтскрин.

image

Кога го прочитав ова, си реков што е многу, многу е. Да објавуваш јавно информации дека Мартин е убиен по наредба, а не во афектна состојба, треба да имаш добра поткрепа за тоа. И културно прашав од каде му се таквите информации. Еве каков одговор добив. А после тоа попив и блок.

image

Чисто онака, да си знаете, вие што тврдите дека човеков е најдобар истражувачки новинар на балканот. Од мене толку.

CONVERSATION

16 comments:

SOTIR said...

Кој му е филмот бе на овој?

Јована Тозија said...

Не знам... стварно не знам. Ја мислев ќе ми каже доверливо, не можам да ти кажам, ќе дознаеш наскоро... Тој ми рече да одам да смрдам по улици. Не знам шо да кажам, озбилно.

tehnog said...

Блогот на Зоран е: This Account Has Been Suspended .

Јована Тозија said...

Еве што вика Божиновски за тоа: http://www.seebiz.eu/zoran-bozinovski-kako-sam-zbog-pritiska-vlasti-privremeno-suspendirao-burevesnik/ar-8733/ Ќе го има веројатно наскоро пак на веб, па ќе можеш да прочиташ какви содржини објавува.

Драган said...

Типичен пример за момак со бујна фантазија и погана уста. Ама па уосталом 80% од новинарите во Македонијава се такви па ништо и не ме изненадува од нив

sead said...

Тежок фејкер, не го зимај за сериозно.

Јована Тозија said...

Ма никогаш не сум го ни земала за озбилно. Туку се изнаслушав многу пофални зборови за него во последно време, па реков да споделам...

Shule said...

Мислам дека си стои се што си кажа авторката на блогов. Само, ме јаде јанѕа да не има макар и 10% вистина во она што Зоран вели дека знае за околностите околу смртта на Тоше. Оти ако има, а не се истражува и се прикрива, тогаш... #protestiram треба да се крене на n-ти степен.

аждер said...

кој е линкот да му кажам дека сам тој нѐ викнал да му коментираме на ѕидот од фејсбук привремено отстапен на новинар4ето со тоа што оставил јавно секој да може да коментира?

Anonymous said...

Јас не би отфрлал ничие тврдење ниту теорија на заговор add-hok. Можете да кажете кој што мисли, но на крајот на краиштата сите сме платени за да ја работиме работата која ја работиме, некој со месечна плата, некој со стипендија, некој со бонови за храна. Сите си ја бркаме својата работа, и колизијата на мислења е природна последица на тоа. Јас секогаш се прашувам: Зошто баш тој објавува таква информација, и зошто баш информацијата го таргетира субјектот на неговата теорија а не мене обичен земјоделец. Да не можеби и има нешто? Сите сме грешни кој повеќе кој помалку. Како сите смееме да имаме блогови а тој не? Интернетот служи за тоа нели? Да каже секој што има да каже, па макар тоа и да повредува нечија суета, нека проценат читателите дали е точно тврдењето или не. Никој не го сака Латас зашто дели заклучоци, а не информации!

Јована Тозија said...

Анонимецу, јас не отфрлив тврдење ад хок, побарав доказ за тврдењето. Ми рекоа да одам да смрдам по улица. Тоа е тоа...

Anonymous said...

neznaesh kolku ruzhbi ima protiv nego. sudskite pokani ne mozhe da mu se vrachat bidejki se krie. Ako ne se sekjavash ednash go tepaa za izneseni gluposti, pa placheshe po televizii, demek, on e borec za pravdinata i eve kako zavrshil

Anonymous said...

mislev, tuzhbi

Bunka said...

Ловец на селебрити статус, фејкер, социопат

Anonymous said...

obicen attention frick e tipot. duri i ako nekogas se provlece vistinski fakt vo toa sto go pisuva, kombinaciite so ozboruvanja, privlecni zagovori, pa i lagi go pravat nerelevanten. a i vakviot prostacki odnos koga nekoj ke mu postavi prasanje, kako sto napravila Jovana. Toa e realnosta, polna so voobrazeni sociopati.pozdrav

Anonymous said...

obicen attention frick e tipot. duri i ako nekogas se provlece vistinski fakt vo toa sto go pisuva, kombinaciite so ozboruvanja, privlecni zagovori, pa i lagi go pravat nerelevanten. a i vakviot prostacki odnos koga nekoj ke mu postavi prasanje, kako sto napravila Jovana. Toa e realnosta, polna so voobrazeni sociopati.pozdrav

Back
to top