Џемо во Фулда

Истинитој причи шо ми се деси зимоска, а искрено не знам зошто дури сега пишувам за неа.

Ме контактираше една пријателка едно попладне, ми вика група македонски младичи ќе доаѓаат во посета, дали сакаш да ги запознаеш? Се распрашав дали се во склоп на некоја размена на студенти, од факултетот, ми кажа не. Ми објасни кои се и што точно прават, која им е целта, ама искрено не разбрав. Се што разбрав е дека ќе има група на македонци, младичи, неколку дена во Фулда и со задоволство отидов да се запознаам со нив.

Мајка Македонија, ко што ја дал Господ мала, одма се најдов со некои од нив таму. Кој комшија, кој брат на колешки бивши… Другарките со кои што бев отидена ни поставија во тие моменти едно искрено прашање: “Како се земате вие во Македонија? Сите сте на некој начин роднини, мме.”

Водачот на групата, Горан, така постар човек, доста прибран, со шмек под мустаќ што се крие. И не знам зошто, ама што и да кажеше човеков, така по малку смешно ми звучеше.

Откако се напивме по едно две пива во локалов каде што имаа збиранка, решивме да продолжиме понатаму. Ги однесов во најстариот и најхардкор паб во Фулда. Зошто хардкор? Газдата е сопственик на пабот веќе 25 години. Музика: строго Лед Цепелин, Јими Хендрикс, Јетро Тал… Позади шанкот има две полици со од него рачно преснимувани касети, кои што неретко се пуштаат да свират. Да да! Касети!!! Не дека ги немаат истите ствари во дигитална форма, ама така му е поќеиф.

Седнавме, додека да се разбере групава кој што сака да пие помина извесно време, но на крајот се расположивме. Фрчеа досетки на сите страни, а најмногу од сите се отвори Горан. Еден од оние луѓе што едноставно го имаат тоа во себе. Што и да каже, смешен е, и тоа е тоа. При една таква досетка, јас веќе при крај со воздух, издишана од смеење, и се вртам на девојката што седеше до мене, и и викам: “Леле, смеењево на Горан колку ме потсеќа на Џемо Биљбиљ, не можам да ти опишам!” А таа мртва сериозна ми вели: “Па тој е!!!”

Рикнав на цел глас да се смеам (беа тоа мошне неартикулирани звуци, признавам), и сите почнаа да ме гледаат чудно. Кога разбраа дека туку што ми биле проширени хоризонтите, почнаа и тие со мене заедно да се смеат. 5 минути подоцна, 15 пијани Македонци, во најхардкор пабот во Фулда пееа во хор:

Да ти се скииииииииини чорапот на раскрсницаааааааааааааааааааа

Да ти се уууууууууууудај швалерот во расолницааааааааааааааааааа

Се вратив таа вечер дома во ниедно време, и си ја пуштив Сомнително Лице. Каква епик претстава…

CONVERSATION

2 comments:

Unknown said...

hi, I love your blog content, I'll be back again, please visit and follow my blog http://historic-relics-indonesia.blogspot.com/

Goce said...

браво за постовите Јована,

редовно со кејфффф си ги читам. продолжи уште напиши нешто повеќе за Германија и тоа што се случува таму, на твој начин напишано секако :)))

поздрав

Back
to top