Германската ARD со прилог за протестите

Пред малку имав можност да го гледам прилогот што одел на германската ARD во врска со протестите за Мартин Нешкоски. Кој разбира германски и немал прилика да го гледа, нека повели тука.  Не можев да останам рамнодушна и да не ги споделам моите мислења за прилогов.


Додадено отпосле: Превод на прилогот тука


Прилогов фрла акцент на се што се случува во Македонија во моментов, освен на протестите.

Во првите две минути, 189 пати е повторено дека мултиетнички се протестира во мултиетничката држава, и дека сите ние мултиетнички се бориме за нашите мултиетнички права... итн, дека било прв пат Македонци и Албанци да протестираат заедно. Па добро, што има толку чудно Македонци и Албанци да протестираат заедно во ваков случај? Зарем сме толку националисти, што ни требаат натчовечки напори да се сложиме околу ова прашање и странски телевизии по тој повод да не тапкаат по рамо и да ни викаат: Алал вера. Сума сумарум, тоа што Македонци и Албанци протестираат заедно е многу убаво, но не е клучен фактор за важноста на протестите. Сите сме луѓе од кожа и месо, и нашите животи подеднакво вредат.

И не ме сфаќајте погрешно, ве молам, но преку Тасе ми е од мултиетнички прилози и се нервирам секој пат кога за Македонија се прават прилози на странски телевизии, во кадар задолжително да има џамии, деца што просат на улица, жени со шамии на главите и во позадина да свири ориентална музика.  Не сум експерта по новинарство, но самиот факт што во прилогот како соговорници се интервјуирани еден Македонец и еден Албанец (немаше да биде интересно да беа двајцата Македонци или што?!?) говори за тоа дека прилогов е спреман по шаблони кои датираат од времето на војната во Босна. Албанецот од прилогот дури и се пофали дека благодарение на протестите, сега на Фејсбук е значително зголемен неговиот број на македонски пријатели. Извини пријателе, пак ќе кажам не ме сфаќајте погрешно, ама тоа не е нешто на кое што треба да си горд и со кое што треба да се фалиш.

Скопската чаршија во прилогот е именувана како стариот албански дел, во кој што албанците се држат меѓу себе (хм, зарем навистина нема Македонци низ чаршија? Јас последен пат кога бев во МК не добив таков впечаток), а центарот на градот е именуван како новиот македонски дел (од кога бре скопскиот плоштад е ексклузивно право само на Македонци?)

Преку мултиетничкот карактер на протестите, прилогот успева да се префрли на проектот Скопје 2014, спорноста на Воин на Коњ (да, се спомнува и спорот околу Александар Македонски и битката околу неговото потекло со Грција) и напоменува дека владата наша се расфрлала со пари за споменици, наместо да дава пари за развој на нашата економија. “Во малата просјачка земја на балканот се градат луксузни градби.” Протестантите даваат и изјави на оваа тема. Како Скопје 2014 е поврзано со протестите и зошто е дозволено толку да се избега од темата, навистина не ми е јасно.

Во прилогот се зачнати и егзистенцијалните проблеми на двајцата соговорници. Едниот имал завршено политички студии, но не можел да најде работа, а другиот имал студирано во САД и Лондон со стипендија, но во Македонија работел во кол центар. Навистина не ми е јасно како нивните проблеми со вработување и нивниот неискористен потенцијал се поврзани со протестите.

Понатаму, цитирам: "Единствената телеизија која што од почетокот известувала за случајот, независната А1, е пред крах." Интервјуиран е и Борјан Јовановски како дава изјави за даночните долгови на А1, Груевски повикувал да не се гледаат А1 и нему сличните медиуми (?!? каде и кога ова, ве молам ако знае некој нека ме просветли), опасноста од исклучување, за гасењето на Време, Шпиц, Коха... Како прво А1 не е единствената што известувала за случајот од почеток, веста излезе од Нетпрес, а како второ КАКВА ВРСКА ИМААТ НЕПЛАТЕНИОТ ДАНОК НА А1 и ГАСЕЊЕТО НА ВРЕМЕ, ШПИЦ И КОХА со протестите???

Многу сум лута, и да најдам малку слободно време ќе пишам мејл и до редакцијата. Барам одговор од вас таму, што сте биле вклучени во снимањето на прилогов да дадете одговор на овие прашања. Зошто телевизиски прилог кој што требаше да сведочи за директно практицирање на демократија, фрла акцент на мултиетничноста на протестот, Скопје 2014 и медиумите на Велија Рамковски?


---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Откако го објавив постов, добив појаснување кога Груевски повикувал да не се гледаат А1 и нему сличните медиуми. Еве тука.

CONVERSATION

5 comments:

Anonymous said...

Шо мислиш не се јавил Борјан на АРД, и ја извртел причата. Све паразити се околу вас сакаат да ги злоупотребат протестите во нивна корист.

Anonymous said...

„Зарем сме толку националисти, што ни требаат натчовечки напори да се сложиме околу ова прашање и странски телевизии по тој повод да не тапкаат по рамо и да ни викаат: Алал вера.“

Паа не знам дали си забораила.. ама ДА.

Stahlkappe said...

gledam razbiras germanski, pa poveli tuka dzirni

http://mazedonien-nachrichten.blogspot.com/2011/06/skandal-kosova-aktuell-und-max-brym.html

Shule said...

Се е тенденциозно веќе на светов, па така и прилогов. Ич не им чуе нив за вистината.

Anonymous said...

Susanne Glass, ARD
http://www.eapc2010.eu/home.php?il=66
"Among other aspects, she covered the wars and crises in Ex-Jugoslavia but as well as she follows "....

Експерт за Екс-ју, што сакате повеќе!

Back
to top