Payback time

Ајде Скопје, покажи се, докажи се. Пред 48 години бевме во иста ситуација. И поради тоа што го имаме искусено ова на наша кожа, знаеме од колкаво значење е агилноста во вакви ситуации. Додека цел викенд го поминав со отворени два таба во Мозилата (БиБиСи и Ројтерс) со лајв стримс и апдејти на секои 5-10 минути, не можев а на не пропуштам една вест.

Уште утредента после земјотресот афганистанскиот град Кандахар најави помош од 50.000 Евра за Јапонија. Не знам каде ја прочитав точно, не ми фаќајте за зло што не се референцирам на релевантен извор. И сами кажаа дека се свесни колку е тоа малку во споредба со штетите кои ги претрпеа Јапонците, но тоа е се што можат да понудат. Ама понудија ОДМА! Афганистан алооооооо!!! Земја што до пред некоја година ја водеа Талибанци, претпоследна на листата од развиени земји (или обратно ако сакате втора по ред по неразвиеност). Ама тоа не ги спречи да реагираат. Талибанци или не, неразвиени или не, кога треба, покажуваат човечност на место.

Groupon Germany уште саботата сабајле направи нова зделка. Не се работеше ниту за 50% попуст на Таи масажа, ниту 70% попуст на пилешки прсти. Многу проста и едноставна зделка. Купи ваучер од 2 Евра. За секои донирани 2 Евра, Groupon Germany донира уште толку. Да не се нафати Grouper.mk наш случајно на такво нешто?

Ние? ТОПКИ. Излезе денес Коце Трајановски и соопшти дека на следната седница на Град Скопје ќе предложел да се донирале 1.500.000 денари за Јапонија. ПРЕДЛОЖЕЛ!

Друже Коце, ти додека да предложиш, па советниците да ти го прифатат предлогот, па да го ставите на гласање, па предлог измени на амандман… Ќе умрат за вода тие таму бре!!! Предлог. Пф. Што не работевте вака процедурално кога се изгласуваа лавови, статуи и остали срања? А не пола од компонентите на Скопје 2014 ви паднаа на Уставен зошто биле донесени по брза а не по редовна постапка.

*Немам ништо лично против Групер.мк Напротив ептен ќеиф ми прават дечките. Го земав само за споредба. Во тектов може сите успешни бизнисмени/фабрики/корпорации/фирми/политичари да се чувствуваат засегнати и запрашани со истото прашање.

CONVERSATION

0 comments:

Back
to top