У кафану пушу марихуану

Аххх Амстердам! Тотално ги надмина моите очекувања. Градот на дрогата, курвите и блудот е всушност толку мирен, што ти е срам да се развикаш на улица. А ќе си речеш во Амстердам сум, никој за ништо овде не ти замерува...

Амстердам е тотално ненормален град. Од една страна, целиот шлајм од светот е собран таму, од друга страна градот е се, само грд не. Дотерани фраери си ги возат своите во 9-ти месец трудни жени на мотор, пијани полуголи англичани се возат со бродчиња низ каналите и свиркаат по женски, велосипедистите си веслаат на точаците и ако им застанеш на патот ќе те прегазат око нема да им трепне, млади мајки си ги возат синчињата на гидан или во корпичка напред на точакот (зависи колкаво е синчето и дали го собира во кошницата), на секој втор чекор лајв секс шоу кај што меѓу другото се продаваат оригинал порки за само 29.99 Еур, а курвите нежно ти се смешкаат од излозите со црвени светла и во исте време гледаат колку е саат - дали им завршила смената, ме разбираш. Насекаде аргентински ресторани каде се служи аргентински бифтек, една долга улица со тајвајски масажи, јапонски суши и виетнамски манџи, а во средината на тој чајна таун еден куп геј барови со мазни момчиња и нивните уште помазни дечковци. На сред плоштадот црква, карши црквата Coffee Shop "Old Church", а одма до неа Döner Kebab. Идила!

Во сувенир шоповите се е во знакот на машкиот полов орган...


... и на марихуаната...



Влегов во еден таков сувенир шоп, и на каса дечкото ме прашува од кај си (иначе сите те прашуваат од кај си, како многу да им е гајле... толку многу туристи имаат, и се уште го немаат изгубено ентузијазмот), а јас му викам од Македонија. Ми се насмевна и ми вика: Како си? Хехе, му викам од кај знаеш македонски... ми вика па сум бил во Скопје. Што бараше во Скопје? Вика, ни самиот не знам... :)))

Ноќниот живот во Амстердам сакс! Две причини:

1. Изгор цени
2. Се стемнува дури во 23.00

И да се решиш дека сакаш да фркнеш минимум 5 евра за пиво, ке ти се одмили и пиво и свети пиво додека да се стемни. А денски во паб не се оди. Барем не кај нас. Англичаните гајле си немаат, си пијат деноноќно.

На враќање кога правевме чек ин (молам за внимание, автобуски а не авионски карти; и за автобуски карти во таа луда земја мора да направиш чек ин на станица!!!), финиот дечко на шалтер, како по обичај, пак не праша од кај сме. Му рековме Македонија. АААА, се израдува! Македонија, најс пипл, најс кантри, најс мјузик... Му викаме ние да да, бате во право си, али нас автобусов ке ни кидне, дај картите. Нема гајле вика дечково, срекен пат и Паракало! Немавме време да му објасниме дека не сме Грци, па само му вративме: Сполај ти синко! и си се качивме на автобусот. Назад во досадната Германија...

CONVERSATION

0 comments:

Back
to top