My best friend's birthday

Ирина славеше роденден викендов. И како што е редот отидов во Хајделберг. Уште во возот натака - саплајз. Едно 6-7 души во истото купе со мене, облечени скоро исто и пијат пиво. Гад дем, си викам само да не се навивачи, дека не ги можам веќе. Саат и пол дерење во воз не можам.

Како права Германка си го земав лаптопот со мене да пишувам семинарска во воз, зошто стварно бев кнап со време. Пишувам јас така за спам филтри, и одеднаш Ејс Вентура пред мене! Едно типче стои пред мене и ми брбља нешто, а ја ништо не го слушам дека не можам да му се изначудам - розови наочари во форма на срце, Фризура ЕЈс Вентура оригинал, маица со натипс "Sie liebt den DJ" (Таа го сака ДЏ-от), фармерки со исцртани срциња насекаде - дури и на газот, околу едната рака тигрести лисици, а доле некои шашави патики. Околу врат му виси .... хм да го наречеме околувратник, а во него лижавчиња, бомбони, кондоми, списанија и што уште не. Позади него уште 5-6 дечки со истите блузи. И ми вика типов: Ја утре се женам и собирам средства за женачка. Еве вика одбери си нешто од тука и донирај колку сакаш. Земав едно лижавче, му дадов 50 центи и му пожелив долг и успешен брак. После сконтав дека типците што ги мислев за навивачи, се всушност сватовиве.

Напишав семинарската, стигнав во Хајделберг... а таму Ирина како права домаќинка - направила тавче гравче, пиперки полнети со урда, тоа сирења, ракии... абе што да ви кажам. Земавме јадењето и пиењето и правац на местото на славење, кај еден нејзин другар во двор. Арно ама таму останатите цимери на другаров исто така се решиле да прават скара во дворот. Нема проблем вика Ирина, ќе се споиме, the more the marrier. Арно ама не испадна така. Асоцијалните Германци ни одстапија пола маса и повлекоа една линија - до тука сме ние, а од таму сте вие. Пробавме, море како се викате, кои сте што сте.. ајде живели, ајде нека и е среќен роденденот на Ирина... Не бре брате! Ни да чујат. Си мскаат пиво, јадат колбаси и дискутираат за економската криза. На крајот свртеа и по еден џоинт и уживаа во хитовите на Ела Фицџералд. Aма сериозно! Ella Fitzgerald was in da house! А во моментите кога не бевме таму (до кујна и назад) педерски ни ја пиеа ракијата и крадеа од салатата.

Откако заврши фештата во дворот, Ирина вика ајде ќе ве носам на едно место кај што има чочек на маса. У јбт, си викам, кај нашла кафана у сред Хајделберг. Кафанава - паб класичен, сите испокачени на столици и маси и се трескаат на Линкинг Парк. Хех. Закон!

Се вративме во 4 саат дома, со неверојатен мамурлак утредента. И времето не ни помогна многу да се опоравиме. Монсунски дождови паѓаа во неделата.

Како и да е, нецела недела после тоа, Ирина во моментов брани магистерска теза... па да ги стиснеме палците дека се е во најдобар ред.

CONVERSATION

1 comments:

現在建築式™ said...

My Blog
http://www.wretch.cc/blog/markacey
Thanks for your share
Nice to meet you

Hsinchu, Taiwan

Back
to top