Писмо до Филе
Како прво името Филе не ми се допаѓа. Ќе ве викам Драпајсимеот. Јазикот на кој што зборувате ќе го наречам Лајнарски. Е така.
Почитуван господине Драпајсимеот, ние овде си го драпаме меот веќе 20 години, независни и слободни. Претходно и федеративно драпавме мев, а пред тоа дооооолги години драпавме окупаторски мевови. Магистри сме на тоа поле. Драпаме меот, не се буниме многу многу, и уво ни чуе. Си го драпаме така меот од јутра до сутра и од време на време ќе ја кренеме главата, ќе осознаваме што се случува околу нас, ќе ја спуштиме главата и ќе продолжиме со драпање на меот. Е арно ама во последно време ние се почесто ја креваме главата и се почесто осознаваме што се случува околу нас. А колку посвесен си, толку повеќе одбиваш да ја наведнеш повторно главата. Макар ризикувал таа да биде пресечена.
Јас разбирам дека светот не го вртат идеали, туку пари. Разбирам дека одлуките за светскиот поредок не се одлуки донесени со демократско гласање каде што секоја земја има право на глас, туку се одлуки носени од големите светски сили.Разбирам и дека кај што има сила нема правдина. Ама никако, ама баш никако не можам да разберам како може една земја на која што ѝ се потребни 400 и кусур милијарди (!) Евра парична помош за да преживее да ве држи за јајца и да ја диригира целата надворешна политика на Европската Унија во однос на една педа земја што се наоѓа на Балканот. Никако не можам да разберам како може просјак да е во улога на поставувач на услови. Тоа е против сите закони на природата, против сите социјални, општествени и логички закони. Оној кој нема моќ, не ги поставува условите. Тотална антилогика човече!
Дали вие сте воопшто свесни колку е сето ова АПСУРДНО? Не, сериозно? Дали имате и најмалку појма колку есето ова АПСУРДНО? Вие сега сигурно му се смеете на називот Драпајсимеот. Но да почне цел свет да ве вика така, ќе почнете и вие апсурдна битка да му докажете на светот дека се викате Филе, и дека не зборувате на Лајнарски, туку на Чешки. А за вашите пријатели, роднини и комшии ќе останете Филе. И ќе зборувате на Чешки. И јас светов да го превртам нема да успеам да ги разубедам. Тие пак ќе ве викаат Филе, и вие пак ќе зборувате на Чешки. Зошто се обидувате да ни госторите тоа нам, кога знаете дека нема да ви успее?
П.С. Оставете политика, што би рекол нашиот ценет Кили, тоа е сељачка професија. Почнете да си го драпате меот. Не сте свесни колку е добро. Светска работа.
6 comments:
Post a Comment