У Норвешкој неонацисти. Здраво!

Трубев пред некој месец дека во Европава не тече мед и млеко на полето на мултикултурализмот. Меркел и онака го прогласи тој концепт за пропаднат. А и како нема да биде пропаднат. Им се доселија 8 милиони Турци во рок од 50 години (да не зборам за тоа колку Кинези, Арапи и Руси има) и сето тоа им е комплетно ново. Не иде соживот туку така плукни па залепи. Треба време да се научат да живеат заедно овие луѓе. Добро им оди, не е трагично, ама многу повеќе се форсира интеграција низ институциите отколку што се применува на дело. Странците си живеат во свои гета од одбивност према Германците (да се разбереме, што се ладни – ладни се), а овие па немаат некоја голема потреба да им покажат колку се гостопримливи.

Неколку месеци после тоа луд, збуњен и од татка си оставен младич во перверзно мирната Норвешка ја крева во воздух владата и потоа прави масакр на 80-ина деца. Поводот малку комплексен, типот очигледно е психолошки случај, но може да се сумира на следново: Револуција против мултикултурализмот и борба против имиграција, имигранти и ислам. Се прашував на почетокот, доколку толку му пречат имигрантите, зошто убивал свои луѓе, па потоа ми се разјасни целата работа: Кутрите деца биле подмладок на партијата што е на власт – онаа која што ја поддржува имиграцијата.

Знаете сите за случајот, да не навлегувам во детали, да прераскажувам. Сите бевме во исчекување да објават некој Хасан на телевизија со чалма на главата и калашњиков во рацете што е одговорен за нападот.  Вашингтон Пост дури и објави текст во кој што  одма фино лепо нападот го поврза со исламистички екстремисти, џихадисти и Ал Каедовци. Арно ама цврц! Го фатија копилето. И? Плав норвежанец со плави очи, горд на своето викиншко потекло. Епа што да ви кажам, очигледно не беше доволен исламистичкиот екстремизам, па еве лец сеј хелоу и на христијанскиот.

Страв ми е искрено. Зошто се збори веќе долго време дека сите овие северњациве имаат реален и голем проблем со неонацизмот, ама тоа толку се обидува да се потисне, толкав акцент се фрла на имиграција, интеграција и мулти-култи, што верувам дека на никој не му е познат размерот на ова лудило. Кој знае колку ги има во Германијава и од кај се имаат поддршка и влечат пари. Еднаш годишно се оджуваат наци протести. Ејјјјјјј!!!! Секоја година! Државниот апарат секако не им дозволува да се постигне масовност, и покрај тоа што они уредно си го пријавуваат протестот, си купуваат карти за воз кога одат на протест и сл. Едноставно не можат да си дозволат такво нешто. Им организираат контрапротести. Во Холандија тој лудиот претседател на партијата за слобода, онака отворено: Исламот е агресивна религија и Холандија мора се заштити од него.  Белгија чинм и во парламент ги има. Сва среќа што веќе година и кусур не можат влада да оформат, која што би ги имплементирала законите што ги гласа тоа нивно собрание. Австрија такуѓере. Страв ми е.

Што е следно бе луѓе? Будисти бомбаши? Амиши со калаши? Мормонци камикази? Ништо чудно да се јават и атеисти екстремисти што ќе убиваат се живо што верува во некаков Бог. Многу заебан светов. Многу. Затоа – ЉУБОВ!!! Љубов луѓе, љубов, љубов, љубов. Колку и да звучи лејм, идеалистички, хипички, ленонски и утопистички - ЉУБОВ! Сакајте си ги децата, за да не станат вакви напуштени импотентни копилиња кои што еден ден ќе се решат да ги земат работите во свои раце и да убијат се живо што сметаат дека им е криво за погрешниот пат по кој што се одвивал нивниот живот. Сакајте си ги дечковците/мажите за да не станат еден ден олицетворение на клишето за маж кој што својата тага ја дави во сливовача недостојна ни за вадење ‘рѓа и тврди дека сите жени се курви. Сакајте си ги девојките/жените за да не станат олицетворение на малограѓанска домаќинка која што го мрази целиот машки свет тврдејќи дека сите мажи се шовинисти. Сакајте си ги комшиите, за да не ви посакуваат повеќе да ви умре козата. Сакајте ги и пензионерите за кои што тврдите дека во вторник и петок смрдат по автобуси. Тие немаат како поинаку да се провозат низ град. Со пишливите пензии што ги примаат не можат ни лекови да си купат, а голем дел од нив се бивши директори. А заради нив ние слободно шетаме низ Скопје денес. Отстапете им место во автобусот и оставете ги и понатаму да смрдат. Сакајте ги вашите мајки и татковци. Една е мајка, еден е татко. Колку и да не се сложувате со нив, најдоброто ви го мислат. Сакајте си ги сестрите/браќата. Само тие можат да ти кажат “Газот ти изгледа голем во овие фармерки”.  Сакајте си ги другарите. Што вреди животот ако немаш со кого да се напиеш едно пиво. 

Бидете добри. Ве поздравувам со германската антифашистичка химна. На кој му се чита, превод од текстот тука.

CONVERSATION

2 comments:

Anonymous said...

И ајде твојов текст да го суперпонираме на моменталната состојба во Македонија, и да пробаме да го најдеме нејдоброто решение за она што ни се случува со Шиптарите. Кажи ми после 2001 кога беше најдоброто време да се реши проблемот дали сега освен со национален екстремизам кој само би бил контра тежа би применил друга метода? Да те потсетам дека ни се заканува федерализација од типот на Босна и Косово ...

Јована Тозија said...

Да! Масовна едукација на населението. Само така нема да бидат зависни од политичарите кои што ги уценуваат со вработувања, плати, откази и слично. Никој не сака војни, никој не сака проблеми. Сите сакаат да живеат во мирно општество. Ако народот може да си обезбеди пристојна живеачка во која што нема некој цел живот да го држи за јајца заради една пишлива плата, никој нема да се замара со политика.

Што мислиш, неонацистиве се некои учени луѓе, со идеали? Тоа е буквално шлајмот на ова општество!

Back
to top