Не тече во Германија мед и млеко. Посебно не на полето на меѓуетничките тензии. Меркел пред некое време изјави дека мултикулти концептот во Германија пропаѓа. Јас, константно опкружена со странци од секаков калибар, во тоа време мислев, нема врска, оваа блада. Но со време согледувам дека всушност има право. Минимум два три пати годишно се организираат наци протести. И секој пат во исто време се одржуваат анти наци протести, спонзорирани и поддржани од секоја можна институција во државата.
Повод за постов е инцидент кој што се случи пред два дена во Фулда. Имено двајца млади, 17 и 19 години, од романско потекло, склучиле договор преку интернет да купат БМВ од некој Германец, и дошле во петокот да го земат. Парите ги носеле во кеш во торба, арно ама продавачов ги однел на некој си паркинг и извадил пиштол. Исход; Еден мртов, еден повреден, убиецот во бегство.
Целата работа мириса – 17 годишен со 15.000 Евра во кеш, црно блиндирано БМВ, купопродажба на некој си запуштен паркинг… Но тоа не е важно.
Ме закопкаа коментарите: Сигурно е циганска работа (цитирам, не рипајте…), нема шанси продавачот да бил Германец, сигурно бил Турчин, ние Германците не убиваме луѓе како проклетите гастарјбајтери, ова било романско романска зделка, Германецот пукал во самоодбрана… итн. И додека обичниот Германец е преокупиран со тоа дали уште еднаш ќе докаже дека проклетите странци им ја расипуваат државата и носат само беља, инситуциите си ја вршат работата. Го чешлаат градов надолж и попреку два дена по ред! Кај и да е дома ќе ми влезат да проверат да не го кријам Ханс.
Ние од друга страна на вакви приказни сме навикнати, дневна доза ни се како Шехерезад. И поради тоа не ни е битно каква националност биле убиецот и убиениот. Не копка од време на време, ама не ни го менува ставот дека без разлика на националноста на инволвираните ние и понатаму живееме во див запад. Обичниот човек тоа не го интересира. Но политичарот го интересира. Посебно политичарот припадник на малцинска заедница, да не го именувам. И заради тоа што на тој политичар сопствениот задник му е засегнат, тој почнува да распалува меѓуетничка нетолеранција со тоа што наведува луѓе да рушат објекти во изградба. Објекти во изградба финансирани од владата на РМ. Истата таа влада која што неми секој први во месецот му дава плата. Политичарот од малцинска припадност до толку многу е засегнат, што си дозволува да ослободи приведени лица од официјално лице. И одозгора на се го брани својот став дека одговарал само и само пред својот партиски лидер, а не пред својот претпоставен во владините институции!!! Вајат Ерп од Македонија. До кога бе со локални шерифи? ДО КОГА?
Кога еднаш во оваа држава луѓето ќе почнат да добиваат ќотек како резултат на своите шерифски потези? Кога ќе дочекам да видам дека Ален Зекиров ќе биде казнет што возел 160 км/час во сред центар и усмрти пешак на пешачки?
И си викам, врти сучи, и ние националисти и тие. Кога ќе видиш исти гомна сме. Само што тука народот го практикува национализмот, а државата со сите сили го потиснува, а кај нас обратно. Ние се уште со нашата провинциска слава, смкнати гаќи и опинок на глава…
0 comments:
Post a Comment