Транзициските швалерки

Беше тоа хиљаду деветсто деведесет и некое транзициско лето, кога дојде тетка ми кај нас дома, и ни соопшти една многу важна вест: Ексклузивната продавница Ојле Дојле ќе се затварала, имало масовна распродажба таму. Се потегнавме ние сосе мајка ми и сестра ми, повеќе ради друштво отколку за шопинг,  накај продавницата да видиме што има што нема.

Тетка ми одсекогаш си била по ексклузивните продавници, и одсекогаш не тегнела по такви продавници. (Зимоска кога ми беше на гости, морав во Jimmy Choo да влезам со неа; прв пат допрев чевли од 700 Еур во мојот живот) И отидовме што отидовме, порта Буњаковец беше продавницата, добро се сеќавам, горе на први кат. И стварно распродажба, по минимум 50% беа намалени работите, и пак и со таков попуст изгор скапи беа.

Во продавницата ние четирите, една плава кокона поприлично држеча, спонзорот нејзин и продавачката. Спонзорот така поприлично проќелав (пола од влакната што му паднале се сигурно ради коконата!), стои во едно ќоше и трпеливо цупка со ногата додека коконата во стилот на Џулиа Робертс во Pretty Woman на тепка одбира што ќе и дојде при рака и со прилично високи гласовни фреквенции извикува: “Ауууууууу, шо убаво фустанче. Само 4000. Да го земам? А? Шо викаш? Ма ќе го земам! Шо се 4000.” Јас бев уште мала, таквите швалерско-финансови релации се уште ми беа непознати, ама ме дал господ бистра, одма сконтав шо е работата.

Во еден момент здогледа тетка ми едни чизми од другиот крај на продавницата. И и вика на мајка ми: “Ау, види ги чизмине шо се убави.” Коконата ко што ја слушна, во џиуџитсу-кунгфу стајл и пресекува пат на тетка ми и триумфално во лет ги зграпчува чизмите. Пустото, последен пар беа. Се закачи коконата за нив ко пијавица, не ги пушта, а тетка ми разочарана до максимум, зошто чизмите најќеиф и правеа. Се моткавме наоколу уште некое време, надевајќи се дека ќе се премисли, а таа ни да чуе. Ги имаше под мишка ставено чизмите, и откако одбра уште неколку парталчиња, сосе сиот куп алишта и чевли дојде на каса и со поглед го повика спонзорот. Дојде тој на каса, и без збор да проговори отвори книжулето и почна да пишува чекови, еден по еден. Пишуваше чекови едно добри 5 минути. (Во тоа време чековите беа ограничени на 1200 денари, не знам дали ви текнува) Стоиме ние позади нив, тетка ми се уште со надеж во неа дека коконата ќе се предомисли за чизмите. Откако го заврши туцето од сантим и пол чекови, коконата му ги тутна ќесите на швалерот во рака и триумфално почна да чекори накај вратата. А тој ко мисир со наведната глава и сто кила ќеси тргна по неа. Тетка ми скисната што немаше прилика ни да ги проба чизмите тргнува по нив. Мајка ми засекирана што јас на толку рана возраст осознавам сурова реалност трга по неа, а јас по нив.

И одеднаш се врти коконата накај мисирот и му вика: “И сеа шо да праам ја шо ми се големи чизмите?

CONVERSATION

3 comments:

Tomi said...

LOL :D

ema said...

Не ја фати тетка ти за коса да ја чукни малку од зидот?

ema said...

з=ѕ

Back
to top