Ви текнува ли на Тесна Кожа моментот: “Јапанци имају један једини празник. И тада раде!” (за тие што не знаат за што зборувам, линк тука) Ви текнува ли на моментот кога еден пресреќен Јапонец на светското првенство во Германија изјави: “Многу сум среќен што сум тука. Немав земено одмор 3 години по ред, за да можам да соберам 10 дена и да дојдам во Германија за фудбалот.” Им се киневме од смеење тогаш.
Сега работата не е за смеење. Портпаролот на јапонската влада веќе пет дена по ред деноноќно држи прес-конференции известувајќи ги новинарите за најновите збиднувања. Неговиот умор е видливо забележителен. Подочниците му се до колена. Јапонците загрижени за здравјето на нивниот портпарол, организираа твитер акција во која сите во исто време објавуваа твитови со хештаг “Портпаролу, одморете се”, надевајќи се дека на тој начин ќе го натераат барем да дремне една партија.
Деновиве не можам а да не престанам да им се восхитувам. Ми текна на една слика од пред 10-ина години, кога се враќав дома од школо втора смена . На бензинската кај АМСМ имаше редица за бензин до католичка. Целата прашалници, само што влегов дома, од вклучените вести на телевизија разбрав дека залихите на брашно и масло во сите продавници низ државата биле при крај. Зошто? Зошто НАТО почнал да го бомбардира Белград. Град на 500 км од Скопје, во друга држава. До толку сме склони на хистерија….
Додека западниот свет крева паника на тема радиација и најавува преиспитување на атомските централи и своите енергетски стратегии - можеби сепак требале да се преориентираат кон обновливи извори на енергија (алооо, после битка секој генерал е паметен), Јапонците иако до некоја мера загрижени за дозираните информации што им се сервираат од властите, се мирни како, што би рекол Џемо Биљбиљ во Сомнително Лице, како кокичиња. Си чекаат во ред за вода, и покрај тоа што знаат дека количините им се ограничени, чекаат дисциплинирано како војници. Небаре редот е за тепање и никој не сака да стигне на ред, таков впечаток се добива кога ќе ги видиш колку цивилизирано се однесуваат сред рушевините од она што некогаш беа приморски градчиња. А ние? Се организираше појадок со градоначалникот на камени мост. Дојде проста народна маса со кеси и прибираше јадење за дома! Се мафна се што имаше да се јаде во рок од 15 минути. Мислиш најнеухранета нација сме на планетава. Еден дечко од твитер го претстави тоа многу убаво и визуелно.
Сигурна сум миљарда проценти, дека да се случеше ова во било која друга држава, досега се ќе беше отидено во мајчину. 3/4 од нацијата ќе беше веќе избегана, нуклеарките наголемо веќе ќе беа експлодирани, а останатата 1/4 ќе пустошеше наоколу. Како во хаосот што се случи во Њу Орлеанс после Катрина. Не затоа што градот беше поплавен, туку дека преостанатите гангстери во градот силуваа девојки, пљачкаа продавници и убиваа белци од ќеиф. Не, ова е Јапонија. Јапанци и даље раде.
0 comments:
Post a Comment