Брат брата не части

Си седам со другар еден пред некој ден на бранч во еден од најпосетуваните локали во Фулда. Седиме, јадеме, пиеме, кафиња нарачуваме… се по список! И одеднаш доаѓа газдата на локалот и се поздравува со другарчево, се испогушкаа што да ти кажам…. По 10 минути муабет си отиде газдава, а јас му се вртам на другаров и му викам од кај се знаеш со газдата бе, а он на мене: Па брат ми е!

И како на секој друг македонец, ми светнаа и мене очињата. Таман почнаа да ми се вртат бесплатни пива низ глава, дојде газдава пак кај нас. Муабети, кој си, што си, како си, зошто си…. се по список. Седиме ние така седиме, испивме и изедовме се што имаше на масата и дојде време да си одиме. Стануваме… и ни два ни три, се фаќа другарчево мое за новчаник. Се стаписав. Во еден момент престана срцето да ми чука. Му фрлам ја еден поглед није ваљда, а тој уште чепка по новчаникот и му вика на брат му колку должиме. А овој фрла еден поглед на масата и вика: Абе дај 5 евра и ок сме!!!

Е ај сега оди па разбери ги ако можеш!

CONVERSATION

1 comments:

Anonymous said...

Па добро, не ви направил сметка и се како што си е редот со стандардни муштерии. Сепак не било баш на германски начин. Башка, 5 евра на толку јадење и пиење, голем попуст ми делува

Back
to top