Во оваа земја се мора да е големо. Не можеш да купиш едно пакетче паломи. Ако ти се растече носот случајно, може само да купиш паковање од 18 пакетчиња. Тоалетна хартија има само во паковање од 10 ролни. Морковите во супермаркет личат на краставици, а краставиците на модри патлиџани. Компири може да се купат само во паковање од 2 кг. Домати има преку целата година. Без разлика што имаат вкус на сапун, масовно се купуваат.Имам впечаток дека овој народ има заборавено што значи сезонски зеленчук и овошје. Јагоди веќе излегуваат почеток на март. Од што се тврди може забите да ти се скршат. Ако ти е сува устата, не можеш да купиш едно лабело, мора 3 одеднаш да купиш. Што ќе им правиш на другите после мисли му ја. 3 блузи по цена на 2. Се купува масовно, не му ја мислат што ќе им прават на 3 исти блузи во шкаф. Битно е на попуст.
Многу ми е интересен овој феномен. Да беше кај нас вака, немаше да ме чуди. Ние не сме се уште толку индивидуалистичко општество, голем дел од нас се уште живеат со мајки, татковци, сестри и браќа (некои дури и со баби и дедовци). И кај нас купувањето на една ролна тоалетна хартија нема многу смисла, нели? Ама овде каде што една третина од населението е разведено, друга третина живее сама од принцип и трета третина што претстатува пандан на нашето семејно живеење, е многу пологично да му продаваш на купувачот една ролна тоалет папир. А тие купуваат ли купуваат. Збудалено потрошувачко општество. Посебно пред празници. Во супермаркетите се купува како да се во очекување на апокалипса.
Од друга страна има некои продукти кои што се продаваат во многу мали количини, Пластични чаши се најчесто по 10 во паковање. Кој прави забава со 10 гости? Малини во пластична опаковка од 200г. Таман да ти влезат во заби. И моето омилено нели лубеница на парче.
Ете една мала анализа од мене, без заклучок, веќе подолго време ме мачи, а се почна од таму кога минатата година настинав и морав да купам ни помалку ни повеќе 18 пакетчиња паломи кои што уште ми се на полицата и фаќаат место и прашина. Ќе ги фрлам кај и да е….
2 comments:
Супер е написов и затоа го препорачав на насловната страница на Пинг.мк
Не е до луѓето, до супермаркетите и производителите е.
Или не? :)
Post a Comment