Норвешки пастрмки

Дал да плачам ил да се смеам, твојот лик не ми кажува… Изгледа од домашен фестифал не се рипа директ на Евровизија. Не дека сум некој евровизиски фан, ама брате и оној одлепенион Германец што пред неколку години се качуваше по шипки на Евровизија не беше некој достоен репрезент на својата нација, ама знаеше да сврзе 2 просто-проширени реченици.

И дури јас да се одлучам дали ќе и фаќам сеир на нашата пастрмка во Осло, или ќе бидам тажна што ете по некоја случајност тој во моментов е најголем репрезент на мојата мала држава за која малкумина знаат во светот, го тргнале фиш клипот од Јутјуб богати. Не можам да го прегледам уште еднаш да се одлучам.

Се прават муабети во студентскиов дом да се гледало Евровозија заедно. Јас ќутам. Страв ми е. Кој знае што ли ќе му текне да истресе кога ќе заврши со пеење.

Добро бе мајко му стара, од толку ѕвезди на нашето мало небо, не се најде една да го посоветува Ѓоко? Да му каже кога ќе те прашаат како се осеќаш, кажи многу ми е убаво тука, а не дека се осеќаш како проклета риба!!!

А кутриот Ѓоко сега сигурно седи во соба и се преколнува самиот себеси: З’ш бегав од часојне по англиски? Морееее, убо ми велеше мама, ама кој да ја слуша… Од тага може и норвешка пастрмка да нарача.

Школи за странски јазици – сега му а мајката!

*** Специјален пакет за пејачи/ки - Лрн инглиш тил д некст Јуровижн.***

*** Тренинзи за интервјуа вклучени ***

*** Специјален подарок за сите учесници – привезок во форма на пастрмка***

Ајде малку претприемачки дух! Има како алва да оди! Сигурно пола македонска естрада седи дома и размислува, леле ќуи а јас да бев, може и полошо ќе поминев.

Мили мои тоа е, со свој камен по глава! Ние го пративме, не некој друг. НИЕ!!!

 

CONVERSATION

1 comments:

Tomi said...

:D
Не се нервирај :) Подобро насмеј се:
Ѓоко не дошол на пикникот на Леко, оти поканата била на англиски

Gjoko Tanevski - Angliskiot pacient

Izgleda Gjoko ucel angliski vo Sv. Klimentoviot univerzitet pod B!

Коа Џоко твита на англиски Твитер паѓа

Зашо имаше зимоска поплави у Охрид? Џоко се молел на господ на англиски!

Брејкинг њуз - УНЕСКО го заштити англискиот на Џоко

Џоко ја има силата на англиска кралица

Како настанала првата шпанска серија? Џоко ја преведувал Бибилијата од англиски!

Back
to top