Без наслов

Ми се повраќа. Ми се повраќа, ама не како кога си јадел расипана шунка, туку како кога си ѓон пијан и ти доаѓа нагон на повраќање цело време, ама пустото само рикаш како магаре - а никако да повратиш да ти олесни. Поради тоа ќе си земам за право во овој пост да бидам нешто повулгарна од обично.

Како може бре на светов ваков простотилук да постои??? И тоа не е само еден, повеќе се! И што е полошо, од целата интелектуална фела во Македонија, баш тие простотилуци си имаат емисии по телевизии - кој локална, кој државна. И за да биде уште позачинето, тие простотилуци си се викаат меѓусебно по своите емисии и си се фалат меѓусебно колку им се допаѓаат нивните емисии. И се ќе беше фино да останеше на фалењето. Ама почнаа простотилуците да бистрат политики и да откриваат топли води. И откако рикнаа ЕУРЕКА на цел глас, решија да почнат да се закануваат на луѓе што порано од нив ја откриле топлата вода, од проста причина што дома имале бојлер, а другиве кутрите цело време се туширале со ладна вода како во војска.

Не знам дали знаете за Дуле Истина. Има еден тип од Аеродром, кој што веќе 10 години се шета низ населбата и им раскажува на луѓето дека има фатено гром во тегла и дека го чува дома. Истиот тој гром планира да им го продаде на ЕСМ, ама мислам дека му пропадаа плановите откако ЕСМ се приватизираше. Е, со истиот тој Дуле Истина да се најдете во кафана попаметен муабет ќе правите отколку муабетов двајцава простилуци што си го направија. Никако една работа не ми е јасна. Како може сите овие луѓе кои што се бават со политика директно или индиректно (се извинувам на ретките и чесни исклучоци) да се толку прости што сите заедно на куп (од сите партии, вери, националности и религии) кантар пак не може да ги измери? Да се убиеш, ама тоа мералото нема да се мрдне. Tука се докажува теоријата на еден мој пријател дека политиката е курва. Веројатно затоа со неа само курвари се бават.

Во даден момент простотилуците беа и експерти по економија, архитектура и естетика тврдејќи дека кога станува збор за градежништво, не е битно што се гради, битно е дека се гради. Дали нам тоа ни се допаѓа или не воопшто не е битно. Пари се вртат. Вработен си. Баба ти зема пензија. Ти праќа месечно по 500 денари џепарац... Што сакаш повеќе? Ееееееееееееејјјјј, такви простотилуци си земаат за право јавно да ни порачаат: Сркај што ти се сервирало! Ако ти лути, напиј се малку јогурт, дувни си на јазикот... ќе ти помине.

И откако двајцава простотилуци направија мубет за ебење, лижење, тепање, пушење, маање една у нос, сексови и оргазми и компарации на истите со други на нив слични простотилуци, за да покажат на народот дека освен од политика се разбираат и од техника, сврзаа и два реда муабет за тоа кој каква графичка карта има дома на компјутерот, и дали Windows 7 бета го бивало или не. Бета било бета, ме разбираш. За крај се пофалија дека спаѓале во 15% на луѓе кои што го разбирале Бреговиќ. За жал ние останатите 85% ја немаме таа интелектиална моќ и предиспозиција за такви умствени напрегања на нашиот мозок. Сигурна сум дека после целата таа ментална мастурбација отидени се заедно некаде по скопските кафани за да домастурбираат, дека времето очигледно не им беше доволно.

Едниот од простотилуците дури има и свој професионален блог на емисијата. И додека двајцата простотилаци си седат во кафана и пијат ракија, 15 комада кинези седат во студиото на едниот од простотилуците и кликаат на копчето Delete секој пат кога изреволтиран граѓанин постира коментар на тој блог. Освен ако коментарот нели не го восхитува простотилакот... Село гори баба се чешла драги мои!!!

И знам дека ова што го правам е погрешно. Знам дека и негативниот маркетинг што со овој блог им го носам на двајцата простотилуци е сепак маркетинг. Тоа Памела Андерсон уште во почетокот на 90-ите го сфати и благодарение на тоа сега има пари да не купи сите сосе партали. Имам јас уште фурни леб да јадам додека суштински не ја разберам старата народна "Тивка бода брег рони". Се уште сум млада, бунтовна и со еден тон гнев во мене дека гомната цело време пливаат на површина и ние се давиме во нив, а скапоцените камења се некаде таму во длабочините скриени.

CONVERSATION

1 comments:

Anonymous said...

Убаво кажано ова со гомната, кој би рекол дека толку јака филозофија може да се искаже на тој начин.

Back
to top