Исто како дома

Пред неколку дена бев во Франкфурт.

Се шетам низ еден ултрамодерен шопин центар, а од далечините наслушувам некоја позната мелодија, ама не можам да препознаам која е. Се наближувам до една продавница, внатре екстремно нискоквалитетна роба, сите партали во боите на виножитото, мириса на расипана расолница, а од звучниците рокнато до даска:

Ала, Ала, Ала то не ваља
све си мени ти даља и даља
Ала, Ала, Ала то не иде
да због тебе пијаног ме виде

Се смеам јас на цел глас, солзи ми течат, а Инес (која што е патем од Русија и не може да направи разлика меѓу на пример турбофолк и чардаш) ме гледа и ми вика, абе што се смееш, баш убаво звучи песната....

Излегуваме надвор, а јас уште не соземена од ситуацијата гледам 5 комада циганела пред излезот. Пеат тие ли пеат:


Сао рома бабо бабо сао рома одаеееее
Сао рома бабо бабо
Еееееееееееееее Едерлезиииии

Се зверам јас наоколу и сфаќам - ова ти е бре исто као у Шутка. Само цените малку посолени.

CONVERSATION

0 comments:

Back
to top