Иако овој блог беше наменет за друга употреба, решив и јас да се испробам во блогерските води. Да видиме колку ке ме држи...
Во Германија има една работа што се вика Семестертикет. Плакаш школарина на факултет, а со тоа ти даваат и карта за воз која што важи цел семестар за целата сојузна држава во која што живееш. Кај нас на факултет го воведоа баш овој семестар.
Си платив јас школарина што си платив, и по една недела одам да си го подигнам семестартикетот, арно ама таа на шалтер ми вика не е уште испринтано, доџи јуче. Добро, одам утредента... им се расипал принтерот.... Ај си викам јас да се јавам да прашам за секој случај дали ги добиле парите, се јавувам, типот од другата страна ми вика, се е ок, парите се легнати на сметка, дојдете утре. Доагам јас пак утредента рано сабајлина, дека треба да фатам воз во 10 саат и да летам накај Италија, типката на шалтер ми вика, извини ама пак не е испринтан. Како бе??? И викам јави се таму кај тие тетките во канцелариите и прашај ги, дека итно е ми треба картата, за саат и пол имам воз. Се јавува типкава, и по пет минутен разговор ја спушта слушалката и мртва ладна ми вика: Имате префрлено 2 центи помалку, затоа не ви е испринтан тикетот.
Ја стојам како теле пред шарена врата, не ми се верува што слушам и никако не можам да сфатам кај е проблемот. И викам: Е добро де.... и???? Епа префрлете уште два центи, па ке ви ја испринтаме картата. И викам, а да ти даам ја тебе тука два центи да ти ги лепнам на чело? Како одговор добив само насмевка. Е добро де викам ке ги префрлам сега онлајн, и ке се вратам за 15 мин. А не!!! Парите морале да легнат прво на сметка. Добро, а ако ти донесам потврда дека сум префрлила пари? Мртва ладна ми вика: Мене правно не ми е дозволено тоа....
Нејсе. Си отидов ко посрана, изнервирана до даскешто морам да платам карта за воз до франкфурт и назад, и уз пат му се јавувам на татко ми во Мк и му викам: Тато, абе си префрлил 2 центи помалку, ај ако сакаш префрли уште два центи на сметка на факултетот. А татко ми онака најноншалатно ми врака: Како да префлам 2 центи жити бога??? Има право чоекот.
Стигнав во Италија, и утредента рано сабајлина и се јавувам на мојата цимерка од Бугарија и и викам: Милена аман заман помагај. Префрли 2 центи на факултетската сметка на мое име, не прашувај зошто. А Милена тазе разбудена ми врака: Какво да направам? Се објаснивме со Милена, префрли пари... и ете сега успешно се запишав во вториот семестар и си се возам со семестартикетот и кога ми треба и кога не ми треба... чисто да го искористам.
Ете затоа се ова Германциве богати. 2 центи - 2 центи. Ни мање ни више.
CONVERSATION
Subscribe to:
Post Comments
(
Atom
)
2 comments:
Bravo!!!
Ja ke glasam za tebe, a ako ne se kandidirash jas ke te prijavam(ne u policija :D)
Odlicno, prvo pa mushko
брат за брат-сирење за пари.
Post a Comment