Генератор

Јас веќе со оваа полуписменост не можам. Или дајте да се описмениме ко земја, да ја препрочитаме сите од поп до игумен, од кафекуварка до директор, од портир до Груевски, од Командант Цигла до Али Ахмети, сите сите сите до еден да земеме да ја препрочитаме Зоки Поки. Па после Том Соер, па Каренина... Данте не мора да го читаме, и онака нема жив на планетава што го прочитал цел. Или еден брејнвош, масовно на цело село, да не знае никој два и два да собере, и одново да ги реоткриеме Питагоровата теорема, гравитацијата и фактот дека земјата е топка. 

Па добро бе, до кога? ДО КОГА? До кога ќе гледаме како вакви ни го диктираат темпото и ни ја филтрираат содржината на информациите. Уште колку време ќе викаме дај од тоа лажицата да ги досркам гомнава, гладен сум? До кога ќе апсорбираме вакви бљувотини? 


И ќе ми речат после Јована, седи мирна, не јади бабури многу, не се експонирај, опасни времиња се. Да, опасни времиња се зошто сите ќутат ко женски полови органи под кошула дури Латас објаснува што се тоа генератори. Да му се фатите на Игор и на time.mk за генераторот! И да се фатите за работа, еднаш во животот да го сработите она што треба да го работите. 

Од планина симнати со калаши во рака ни се шетаат по улиците бе алооо!!! Кај бевте цел викенд мамичето ваше. Полицијата немала ингеренции за калашите и знамињата, ама ќе помогнела ако некој тоа од нејзе го побарал. Па кој да има бре ингеренции хохштаплери низаедни? Радивојша хаусмајсторот? Он додуше да искочеше, ќе построеше се по список, ама си има човекот двор за средување. 

Знаете што, направете нешто добро за човештвото. Шведска е во криза. Има недостаток на ѓубре кутрата. Спакувајте си по еден куфер и сите таму. И ние раат, и Шведска со парно. Ем ќе ви платат.

П.С. Иначе, Латас honey, FYI you're doing it wrong.

CONVERSATION

9 comments:

Anonymous said...

Нема да коментирам за содржината на видеото само ќе искоментирам за содржината на постот. Зборуваме за писменост а не внимаваме на правопис.
Ако сакаме да се описмениме треба да почнеме од самите себеси.

Anonymous said...

Ништо спорно не гледам во прилогот.
@AcoLazarov

Јована Тозија said...

@анонимец1 - Прифаќам.

@AcoLazarov - ако не гледаш ништо спорно, ок, не би објаснувала нашироко што е "генератор" и што е крадење содржина.

Извини за тешката кепча што ти паднала при коментирањето, ама не го контролирам тоа јас :)

Anonymous said...

Зоки Поки е тешка за Латас , да му дајме боенка на гревчето ...
Што зборува нешто за кое што нема 3 чисти ... оф тешко тебе мила македонијо

Даниел said...

Чекај, не беше ли Ивоница типката која преведуваше цели текстови од Јутарњи од хрватски на македонски и после ги објавуваше во Вечер?

Како беше она - куката се смее на криво дрво...

Иван said...

Латас е во право во прилогот, генератор или агрегат исто му доаѓа ...

Смешен е обидот на авторот да ја брани тезата Time.mk е авторски веб сервис со критикување на полицијата. Напиши си друг пат 2 артикли, поста како ли се викаат, не се бламирај.

Затоа што некогаш ќе те прочита некој што очекува логика и тек на мисла, некој што не е амеба.

Другарски поздрав.

Anonymous said...

Има некој кој го глеаше прилогот на ова pseudo новинарот и ова студентот кој научил да склепа пар PhP стејтемнти и со тоа го скебал Игор, а да не поврати?

Алоо, арпаџици едни... седете и продавајте муда за бубрези на тезги на Бит пазар и умствените акробации остајте ги на оние кои кои имаат ресурси за тоа... а и да, Игор и таквите како него имаат допринесено овој свет да биде поубав и има смисла ... да истиот оној свет кој вие го напраивте нива со кромид.Заради нив ми е драго да сум Македонец а заради вас ми иде да си манам клоца...

Зељки едни...

Anonymous said...

Ми се допаѓа кога во 4:46 дава инструкции што да се напише во законот :Р.
@ Иван И не, агрегатор (за тие што слушнале што е тоа) не значи дека текстовите објавени таму се авторски, туку тоа се линкови (агрегирани, нели?) што се собрани од различни сајтови. Под секој наслов пишува од кој медиум е линкот. Освен, ако имате проблем со browser-от (или видот) и не го гледате името на медиумот...

Anonymous said...

А, бре, Латас, глупсон еден, се викаат АГРЕГАТОРИ, а не генератори! Ти да не сакаш цензура да им стегне побратимот Груевски? Ех, ја продадовте државата, натанкиравте пари и уште цензури ќе ни ставате. Ќе дојде ден кога ќе ви стават лисици.

Back
to top